Палата на Големиот мајстор
Палатата на Големиот мајстор (малтешки: Il-Palazz tal-Granmastru), официјално позната како Палатата (малтешки: Il-Palazz), е палата во Валета, Малта. Изградена е помеѓу 16ти и 18ти век како палата на Големиот мајстор на Редот на Св. Јован, кој владеел со Малта од 1530 до 1798. Кога витезите биле протерани во време на наполеонова Франција, палатата станала Национална палата. За време на британското владеење почнувајќи од 1800, палатата станала Гувернерска палата (малтешки: Palazz tal-Gvernatur).
Палата на Големиот мајстор | |
---|---|
Il-Palazz tal-Granmastru | |
Главната фасада на Палатата | |
Поранешни називи | Гувернерска палата |
Палатата | |
Општи податоци | |
Статус | Интактна |
Вид | Палата |
Стил | Маниризам и барок |
Место | Валета, Малта |
Координати | 35°53′55″N 14°30′51″E / 35.89861° СГШ; 14.51417° ИГД |
Почната | 1574 |
Обновена | 1740ти |
Сопственик | Влада на Малта |
Технички податоци | |
Материјал | Варовник |
Катови | 2 |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Џироламо Касар |
Палатата станала британска кралска резиденција во која престојувал гувернерот кој ја претставувал монархијата, и самата кралска фамилија. Како официјална кралска резиденција често била користена од британските суверени за време на нивниот престој во Малта.
Палатата моментално е седиште на Претседателот на Малта. Служела и како седиште на Парламентот на Малта од 1921 до 2015.