Падот на Лондон
Падот на Лондон (англиски: London Has Fallen) — акционен филм во режија на Бабак Наџафи, продолжение на филмот „Падот на Олимп“. Главните улоги ги толкуваат Џерард Батлер, Арон Екхарт и Морган Фриман.[5]
„Падот на Лондон“ | |
---|---|
Плакатот на македонски јазик | |
Режисер | Бабак Наџафи |
Продуцент |
|
Главни улоги | |
Музика | Тревор Морис |
Кинематографија | Ед Вајлд |
Монтажа |
|
Студио |
|
Дистрибутер | Focus Features (преку Gramercy Pictures)[1] |
Премиера | 4 март 2016 г. (САД) 17 март 2016 г. (Македонија) |
Времетраење | 99 минути[2] |
Земја | САД |
Јазик |
|
Буџет | 60 милиони долари[3][4] |
Бруто заработка | 205,9 милиони долари[4] |
Премиерата во САД се одржала на 4 март 2016 г., а во Македонија на 17 март 2016 г.[6]
Содржина
уредиОткако британскиот премиер починал под таинствени околности, сите водачи на западниот свет мораат да присуствуваат на неговиот погреб. Но она што започнува како најзаштитениот настан на земјата, се претвора во смртоносен заговор за убивање на најмоќните водачи во светот и ослободување на застрашувачко претскажување за иднината. Претседателот на САД, неговиот моќен шеф на Тајната служба и британскиот агент на МИ-6 што не верува никому се единствените луѓе што имаат некаква надеж да го спречат тоа.
Улоги
уредиГлумец | Улога |
---|---|
Џерард Батлер | Мајк Бенинг |
Арон Екхарт | Бенџамин Ашер |
Морган Фриман | Алан Трамбул |
Алон Мони Абутбул | Амир Баркави |
Анџела Басет | Лин Џејкобс |
Роберт Ферстер | Едвард Клег |
Џеки Ерл Хејли | Мејсон |
Мелиса Лео | Рут Макмилан |
Рада Мичел | Лија Бенинг |
Шон О'Брајан | Реј Монро |
Мехди Дехби | Султан Мансур |
Валид Цајтер | Камран Баркави |
Наводи
уреди- ↑ Petski, Denise (May 20, 2015). „Focus Features Revives Gramercy Pictures Label For Genre Films“. Deadline Hollywood. Посетено на May 20, 2015.
- ↑ „LONDON HAS FALLEN (15)“. British Board of Film Classification. February 4, 2016. Посетено на February 4, 2016.
- ↑ „Box Office: 'Zootopia' to Take Down 'Deadpool' With Huge $60 Million-Plus Debut“. Variety. 2016-03-02.
- ↑ 4,0 4,1 „London Has Fallen (2016)“. Box Office Mojo. Посетено на March 5, 2018.
- ↑ Adam Chitwood (2013-10-29). „OLYMPUS HAS FALLEN Sequel LONDON HAS FALLEN Moving Forward with Gerard Butler“. Collider (англиски). Архивирано од изворникот на 2020-07-26. Посетено на 2022-11-06. Занемарен непознатиот параметар
|deadlink=
(се препорачува|url-status=
) (help) - ↑ Падот на Лондон | 3D-КИНО БИТОЛА, Посетено на 2024-08-31
Надворешни врски
уреди- Падот на Лондон на Семрежната филмска база на податоци (англиски)