ПУ „Страшо Пинџур“ - Чешиново
Основно училиште „Страшо Пинџур“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Страшо Пинџур“ - Чешиново; скратено: ПООУ „Страшо Пинџур“) — подрачно основно училиште во кочанското село Чешиново, во состав на истоименото училиште од селото Соколарци, Општина Чешиново-Облешево.[1]
Страшо Пинџур
| |
---|---|
во состав на ОУ „Страшо Пинџур“
| |
Поглед на училиштето
| |
Место | |
Општина: | Општина Чешиново-Облешево |
Наречено по: | Страшо Пинџур |
Нас. место: | Чешиново |
Адреса: | Ул. „Христијан Тодоровски Карпош“, с. Чешиново |
Местоположба | |
Основни информации | |
Основано: | 1969 |
Настава на: | македонски |
Контактни информации |
Училиштето е именувано по македонскиот партизан Страшо Пинџур.
Местоположба
уредиУчилиштето се наоѓа во селото Чешиново.
Историја
уредиУчилиштето било изградено во 1969 година.[2]
Настава
уредиВо училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик. Покрај учениците од Чешиново, во него учат и учениците од околните села Уларци и Спанчево.
Услови
уредиЗа реализирање на воспитно-образовната дејност училиштето користи 10 училници, од кои еден е кабинет по англиски јазик – во кој има интерактивна табла за потребите на наставниците при примената на ИКТ во наставата, еден кабинет по информатика, како и една фискултурна сала која за жал во моментов не е оспособена за користење и два спортски терени за реализација на наставата по физичко и здравствено образование.
Во склоп на училиштето работи и училишната библиотека која има задоволителен број на лектирни изданија. Во ова училиште се наоѓаат и просториите за раководниот кадар на училиштето и тоа: канцеларија на директорот, канцеларии за педагогот и секретарот на училиштето, наставничка канцеларија, како и простории за техничкиот персонал.
Галерија
уреди-
Поглед на училиштето
-
Фудбалското игралиште
-
Кошаркарското игралиште
-
Детското игралиште
-
Влезот
Наводи
уреди- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-22.
- ↑ „Годишна програма за 2024/25“ (PDF). Општина Чешиново-Облешево. јули 2024. Посетено на 26 декември 2024.