ПСУ „Алгоритам Центар“

(Пренасочено од ПСУ Алгоритам центар)

ПСУ „Алгоритам Центар“ е приватно средно училиште во Македонија. Основано е на 11 март 2008 година во Скопје.[1]

„ПСУ „Алгоритам Центар“
„Гимназија Алгоритам“

Место
Општина: Центар
Место: Скопје
Адреса: Даме Груев бр. 16 Бизнис центар Палома Бјанка 6 кат, Скопје
Основни информации
Основано: 2008
Директор: Марина Божинова
Настава на: македонски
Контактни информации
Портал algoritam.mk

Гимназијата АЛГОРИТАМ како верифицирано и акредитирано приватно средно училиште и прва дигитална гимназија во Македонија веќе 10 години успешно реализира средно гимназиско образование кое ги задоволува стандардите на воспоставениот образовен систем во Република Македонија и промовирање на европските академски и цивилизациски вредности.

Формалното средно образование во гимназијата Алгоритам се заснова на принципите на образовна извонредност, здрава образовна средина, демократичност во наставата, примена и промоција на наставни стандарди коишто го оспособуваат ученикот за критичко и самостојно мислење.

Гимназијата АЛГОРИТАМ обезбедува

  • Електронски систем на учење и самооценување
  • Практичен и поединечен пристап за стекнување применливо знаење
  •  Нагледна настава преку изведување експерименти
  •  Учење преку анализа и сумирање резултати од истражување
  • Поттикнување и негување на талентот, независноста и самоиницијативноста
  • Работа во мали групи согласно поединечен образовен план
  • Можност за полагање на испити од PSAT и AP програмите
  • Проодност кон високото образование на нашите и светски универзитети
  • Образовни екскурзии - учиме за културата и историјата на Европа
  • Можност за трансфер на ученици од другите гимназии во сите години

Учениците на Гимназијата АЛГОРИТАМ имаат добиено бројни награди и признанија од државни и меѓународни натпревари, како и постигнато најдобри резултати на тестирањата на државна матура.

Училиштето образува кадри според етаблираните стандарди на државата и според европските образовни и цивилизациски вредности, кои своето знаење и труд го вложуваат во развој на општеството на сопствената земја, но и се оспособени за вклучување во европскиот пазар на трудот.

Образовен центар Алгоритам

уреди

Образовниот центар АЛГОРИТАМ како приватна образовна институција оваа година прославува 20 години од своето основање и успешно извршување на примарната дејност: спроведување на акредитирани обуки за доживотно и перманентно образование на сите поединци во општеството. Во интерес на граѓаните, образовниот центар АЛГОРИТАМ ги следи и се обидува да ги задоволи потребите на пазарот на трудот и да продуцира кадри соодветни на барањата на истиот. Образовниот центар АЛГОРИТАМ нуди квалитет во учењето преку јасно дефинирани цели, флексибилни програми, компетентни едукатори, интерактивен однос меѓу едукаторот и учесниците, размена на искуства и вештини и учење преку пракса.

Образовниот центар АЛГОРИТАМ нуди голем број програми за едукација кои се наменети за различни целни групи, како за младите, така и за возрасните. Се учи преку работа, акција, пракса, искуство. Притоа, образованието стекнато на овој начин е практично применливо. Со завршувањето на секоја обука учесниците добиваат соодветни дипломи и сертификати кои се верифицирани како од страна на државата, така и од страна на институции кои се светски водачи во областа на сертифицирањето.

Во образовниот центар АЛГОРИТАМ секоја заинтересирана личност може во кое било време да започне со сопственото неформално образование. Доволно е да има желба и иницијатива да започне со овој вид на образование, кое е прилагодливо на потребите на поединците.

Освоени награди

уреди
  • Второ место на Државниот натпревар по македонски јазик и литература (2011).
  • Второ место на Државниот натпревар по македонски јазик и литература (2012) воедно најдобро пласирано средно училиште во Град Скопје.
  • Прво место на натпреварот за најдобар есеј на тема „Кога јас ќе бидам водач…“(2012) во организација на „Иванов школо за млади водачи – Алумни асоцијација“ и под високото покровителство на претседателот на Република Македонија, Неговата екселенција, д-р Ѓорѓе Иванов.
  • Прва награда трипати по ред (2012,2013 и 2014) – за најдобар состав на тема „Екологија“ на конкурсот „Денови на пролетта – денови на екологијата“ распишан од Град Скопје.
  • 1 место за најдобар есеј на тема „Антикорупција“ под покровителство на Норвешката амбасада на државно ниво (2010).
  • 1 место за најдобар есеј на тема „Екологија“ под покровителство на Норвешката амбасада на државно ниво (2012).
  • 1 награда за најдобар млад новинар на конкурсот на списанието за млади „Медиум“ (2011).
  • Прво место на Државниот натпревар за најдобар есеј „Ацо Караманов“ (2012).
  • Второ место за краток филм на конкурсот распишан од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје (2012) на тема „Спречување на насилството во училиштата“.
  • Драмска секција која секоја година подготвува театарска претстава. До сега беа изведени: Писмото (2010),Сомнително лице (2011), Грев или шприцер (2012), Отуѓени (2013), Run Lenche Run (2014), Дека е кешот, дека е вешот? (2015).
  • Хуманитарна претстава во продукција на гимназијата „Алгоритам“ поставена во Драмскиот театар Скопје за поддршка на Здружението за третман на лицата со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром.
  • Највисоко пласирани на Државниот натпревар за средни училишта по социологија (2013).
  • Најдобар бизнис план Ecotel Green Hotel (2012) организиран од Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука кој ќе придонесе за економскиот рурален развој во Македонија.
  • 23 награди на натпреварувањето по математика КЕНГУР.
  • Прво место во Европа и 16 место во светот на Меѓународниот натпревар по математика World Maths Day.
  • Пласман и учество на републичкиот натпревар „Наноматеријали – материјали на иднината 2013“.
  • 3 место на регионалниот натпревар (град Скопје) и пласман на републичкиот натпревар „Наноматеријали – материјали на иднината 2015“
  • 1 место од областа Екологија и 2 место од областа Машинска техника на Државниот натпревар на младите истражувачи од Република Македонија 2014, во организација на Народна техника.
  • 2 место од областа Машинска техника на Државниот натпревар на младите истражувачи од Република Македонија 2015, во организација на Народна техника.
  • 1 место на Регионален натпревар по математика 2013.
  • 3 место на Државен натпревар по математика 2013.
  • Бронзен медал на Сениорска олимпијада по математика 2013.
  • Златен медал на Јуниорска олимпијада по математика во Р Македонија 2013.
  • Сребрен медал на Јуниорска балканска олимпијада 2013.
  • 2 место на Регионален натпревар по математика 2014.
  • 2 место на Републичкиот натпревар по математика 2014.
  • Сребрен медал на Сениорската олимпијада по математика во Р Македонија 2014.
  • Учество на Балканската и Светската олимпијада 2014.
  • 2 место на Европскиот математички куп 2015.
  • Бронзен медал на Балканската математичка олимпијада и пласман на Светската олимпијада 2015
  • 1 место на Регионален натпревар по математика 2012.
  • 2 место на Државен натпревар по математика 2012.
  • Бронзен медал на Македонска математичка олимпијада 2012.
  • 1 место на Меѓународен натпревар Кенгур 2012.
  • 2 место на Регионален натпревар по информатика 2012.
  • 2 место на Државен натпревар по информатика 2012.
  • 3 место на Државен натпревар по математика 2013.
  • 1 место на Меѓународен натпревар Кенгур 2013.
  • 2 место на Регионален натпревар по информатика 2013.
  • 2 место на Државен натпревар по информатика 2013.
  • Бронзен медал на Македонска олимпијада по информатика 2013.
  • 3 место на Регионален натпревар по информатика 2014.
  • 1 место на Државен натпревар по информатика 2014.
  • Сребрен медал на Македонска олимпијада по информатика 2014.
  • 3 место на Регионален натпревар по информатика 2015.
  • 2 место на Државен натпревар по програмирање и пласман на Македонска олимпијада 2015.
  • 1 место на Регионален натпревар по информатика 2013.
  • 1 место на Државен натпревар по информатика 2013.
  • 3 место на Меѓународен натпревар по информатика во Белград 2013.
  • 1 место на Регионален натпревар по информатика 2014.
  • 1 место на Државен натпревар по информатика 2014.
  • 1 место на Регионален натпревар по информатика 2015.
  • 1 место на Државен натпревар по информатика 2015.
  • 1 место на Регионален натпревар по математика 2013.
  • 1 место на Државниот натпревар по програмирање 2015

10 правила според финскиот образовен модел

уреди

1.Практичен пристап

уреди

На учениците во Гимназијата Алгоритам им нудиме применливо знаење кое ќе им користи во животот, а не само знаење со кое успешно ќе ги поминат тестовите и завршниот испит. Гимназијата располага со богата библиотека и пријатно катче, каде што учениците минуваат време во читање, разговори и дискусии со соучениците. Акцент се става на разбирањето и „читањето“ на науката а не на нејзиното учење. Секој ученик има можност да добие соодветен практикум во рамките на наставата и преку експерименти практично да го надополнува знаењето. Многу често наставата се реализира надвор во природа, во посета на разни институции, музеи, компании или банки, во зависност од предметот на изучување и тематската единица.

2. Поединечен пристап

уреди

Во Гимназија Алгоритам учениците учат во групи до 16 ученици, за секој ученик осмислуваме поединечен образовен план, со посебен пристап, вежби, задачи и активности. Секој ученик го оценуваме според посебен критериум. Нашата цел е нашите ученици да ги направиме да бидат компетитивни и да им всадиме идеи за успех.

3. Независност

уреди

Наставниците во Гимназија Алгоритам им помагаат на учениците независно да размислуваат, да анализираат и сумираат резултати од истражувањата. Од суштинско значење е учениците да бидат оспособени да најдат информации од отворени извори кои им се понудени. Паметење безброј формули, правила и дефиниции е непотребно губење време и енергија имајќи ја предвид достапноста на интернетот во целото училиште.

4. Другарство и социјализација

уреди

Учениците учат во мали класови, што им овозможува да остварат блиски другарски односи меѓу себе и близок и непосреден однос со наставниците. Наставникот ги стимулира децата да откриваат и создаваат, ги подготвува за придонес кон заедничка општествена корист и активно граѓанство.

5. Дидактички материјали

уреди

Поради масовната употреба на компјутери, сите материјали се достапни во електронска форма.Учениците ретко добиваат тестови или домашни задачи. Сите деца, независно од нивниот ментален капацитет, учат заедно. На секои три месеци децата прават оценување на школскиот систем, со што постојано се подигнува нивото на работна етика во училиштето. Наместо трошење време на изработка секојдневни и обемни домашни задачи, нашите ученици имаат доволно време за останати училишни и вонучилишни активности, во форма на курсеви, обуки и задолжителна пракса, бидејќи практичната примена на знаењето се почитува пред се`.

6. Оценувањето на учениците

уреди

Се врши преку игри и натпревари меѓу учениците во класот и меѓу класовите од иста генерација, како и преку изработка на сопствени, самостојни и групни проектни задачи. Критериумите и стандардите за оценување се формираат за секој ученик поединечно, во зависност од неговиот капацитет. Кога некое дете покажува дека има потешкотии со учењето и постигнува слаби резултати, висококвалификуван специјалист работи со него, за да го лоцира проблемот и да му помогне во изнаоѓањето решение како истиот да се надмине.

7. Еднаквост

уреди

Секое дете во Гимназија Алгоритам добива еднаков пристап до квалитетно образование и можност да развие животни вештини создавајќи визија за својата идна професија.

8. Наставниците во Гимназија Алгоритам

уреди

Поминуваат низ пракса и редовни обуки, оспособени се да работат во мултикултурна средина, добро да се служат со современи техники и технологии и да работат со деца со посебни потреби. Професијата наставник во Гимназијата Алгоритам заслужува највисока почит.

9. Настава

уреди

Наставата во Гимназија Алгоритам се одвива во одлично опремени училници, во безбедна средина, во релаксирачка атмосфера проследена со тивка музика. Наставниците даваат се` од себе за да ги заинтересираат учениците. Секој час започнува со мало „загревање“, наставникот е должен да ги воведе учениците во часот и во дискусијата, на начин, кој за нив ќе биде забавен, ќе ги заинтересира за дадената тема истовремено предизвикувајќи ги и интелектуално.

10. Мисија

уреди

Мисијата на Гимназијата Алгоритам е да всади љубопитност, имагинација, иновација, самоиницијативност, да им помогне на учениците да развијат претприемачки дух и да стане вистински дом за многу сегашни и идни ученици.

Настани

уреди

Наводи

уреди
  1. Службен Весник на Македонија (PDF). ЈП Службен весник на Република Македонија (24). ISSN 0354-1622 http://slvesnik.com.mk/Issues/7262714046A0294C96E81D0918D48017.pdf. Отсутно или празно |title= (help)

Надворешни врски

уреди