ПУ „Пецо Даскалот“ - Вранче

Основно училиште „Пецо Даскалот“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Пецо Даскалот“ - Вранче; скратено: ПООУ „Пецо Даскалот“) — подрачно основно училиште во селото Вранче. Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото Вранче и претставува дел од основното училиште „Пецо Даскалот“ од селото Долнени.[1]

Пецо Даскалот

Место
Општина: Општина Долнени
Наречено по: Пецо Даскалот
Нас. место: Вранче
Адреса: с. Вранче
Местоположба

Карта

Основни информации
Број на ученици: 13
Настава на: македонски
Контактни информации

Организација

уреди

Училиштето се наоѓа во рурална средина, во село кое со текот на времето го опфатило голем бран миграција. Поради тоа, во него, во исти училници учат ученици од различни одделениија. Според податоците од локалната самоуправа на Општина Долнени, во учебната 2014/2015 година, во училиштето учеле 13 ученици во 3 паралелки од I до IX  одделение.[1]

Хуманитарна акција

уреди

Во 2014 година, во рамките на цивилно воената соработка, во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, припадниците на артилерискиот баталјон (артб) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада организираа хуманитарна акција со која беа обезбедени новогодишни пакетчиња за децата од ОУ „Пецо Даскалот“ во Вранче.[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Образование | Општина ДОЛНЕНИ“. www.opstinadolneni.gov.mk. Посетено на 4 декември 2018.
  2. „Армија на Република Македонија“. www.arm.mil.mk. Посетено на 2018-12-04T18:52:16Z. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)[мртва врска]

41°23′37″N 21°22′21″E / 41.39361° СГШ; 21.37250° ИГД / 41.39361; 21.37250