Ојо де Монтереј

кубанска марка на пури

Ојо де Монтереј (шпан. Hoyo de Monterrey) е име на две марки на висококвалитетни пури, една кубанска (Хабанос СА), а другата хондурска (Џенерал Сигар).

Логото на Ојо де Монтереј

Историја

уреди

Во 1831, Дон Хосе Хенер и Батет емигрирал во Куба од Шпанија на 13 годишна ворзаст, каде работел на чичковата плантажа во Вуелта Абахо. Дваесет години подоцна, тој отвора своја фабрика за пури во Хавана и почнува со производство на сопствена производна линија наречена Ла Ескепсион. Во 1865, тој имал заработено доволно пари и купил еден од најдобрите поседи во Вуелта Абахо, по што регистрирал и производна линија со соодветно име: Ојо де Монтереј.

Буквално преведено од шпански ова значи „вдлабнатината на Монтереј“, заради конкавниот терен кој го претпочитаат одгледувачите на врвен тутун. Марката станала неверојатно популарна, особено на британскиот пазар, па фабриката на Хосе Генер потоа станала една од најголемите фабрики во Куба. Во 1900, Генер починал во Шпанија, и дејноста ја презема неговата ќерка Лутгарда Генер. Семејството работи со фирмата во следните триесет години.

Во 1931, семејството Генер ги продава марките на пури, и се концентрира на поседите со шеќерна трска кои веќе ги имаат. Купувачот на Ојо де Монтереј и Ла Ескепсион била фирмата Фернандес, Палисио и Д-р, кои ги придодале овие марки кон нивната веќе импресивна палета на производи: Панч и Белинда. Околу 1940-тите, била создадена серијата Ле Охо, (заедно со серијата Chateaux од која подоцна настанува линијата Давидоф) за швајцарскиот дистрибутер А Дир Ко.. По смртта на ортакот Рамон Фернандес, Фернандо Палисио станал единствен сопственик на фирмата, и до 1958 неговите линии претставувале 13% од целиот извоз на хавански пури.

По поставувањето на ембаргото врз Куба од страна на САД, Фернандо Палисио се преселил во Флорида, каде потоа ги продал неговите линии на семејството Виљазон, кои и ден денес произведуваат Панч, Ојо де Монтереј и Белинда од хондурски тутун за американскиот пазар.

Со национализацијата на стопанството на Куба, Ојо де Монтереј продолжиле да се прозиведуваа и ја задржале својата популарност, како глобална марка. Меѓу познавачите особено ценети модели се Épicure No. 2, Double Coronas и серијата Le Hoyo.

Како глобална марка, Ојо де Монтереј е избирана за годишната Edición Limitada од 2000 год, па наваму. Во 2004 додаден е нов формат во производната линија наречен Petit Robusto, кој има и малку променета лента.

Ојо де Монтереј произведуваат и две машински-изработени цигариљоси: Mini и Midi.

Витоли на кубанскиот Ојо де Монтереј

уреди
 
Кутија Petit Robusto
 
Кутија Short Hoyo Coronas

Ова е список на витоли (формати) во рамките на производната линија на Ојо де Монтереј, со димензии во англиски и метрички систем, нивните vitolas de galera (фабрички имиња) и конвенционални имиња во американскиот жаргон за пури.

Рачно-изработени витоли

  • Double Corona - 7 5/8" x 49 (194 x 19.45 mm) Prominente, двојна корона
  • Churchill - 7" x 47 (178 x 18.65 mm) Julieta, черчил
  • Épicure No. 1 - 5 5/8" x 46 (143 x 18.26 mm) Corona Gorda, торо
  • Épicure No. 2 - 4 7/8" x 50 (124 x 19.84 mm) Robusto, робусто или ротшилд
  • Petit Robusto - 4 1/8" x 50 (102 x 19.84 mm) Petit Robusto, пети робусто
  • Hoyo Corona - 5 5/8" x 42 (142 x 16.67 mm) Corona, корона
  • Short Hoyo Corona - 5 1/8" x 42 (129 x 16.67 mm) Mareva, пети корона

Machine-Made and Hand-Finished Vitolas

  • Palma Extra - 5 1/2" x 40 (140 x 15.87 mm) Crema, корона
  • Coronation - 5 1/8" x 42 (129 x 16.67 mm) Petit Corona, пети корона

Серија Le Hoyo

  • Le Hoyo des Dieux - 6 1/8" x 42 (155 x 16.67 mm) Corona Grande, долга корона
  • Le Hoyo du Député - 4 3/8" x 38 (110 x 15.08 mm) Trabuco, кратка панетела
  • Le Hoyo du Gourmet - 6 3/4" x 33 (170 x 13.10 mm) Palma, тенка панетела
  • Le Hoyo du Maire - 3 7/8" x 30 (100 x 11.91 mm) Entreacto, мала панетела
  • Le Hoyo du Prince - 5 1/8" x 40 (130 x 15.87 mm) Almuerzo, пети корона
  • Le Hoyo du Roi - 5 5/8" x 42 (142 x 16.67 mm) Corona, корона

Edición Limitada

  • Particular (2000 and 2001) - 9 1/4" x 47 (235 x 18.65 mm) Gran Corona, президенте или гигант
  • Pirámide (2003)- 6 1/8" x 52 (156 x 20.64 mm) Pirámide, пирамида или торпедо
  • Épicure Especial (2004) - 5 1/2" x 50 (141 x 19.84 mm) Gordito, робусто екстра

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди