Очнодвигателен живец

Очнодвигателен живец (лат. nervus oculomotorius) — трет черепен (капитален) живец (CN III). Тој влегува во очната празнина преку горната пукнатина на очната празнина (fissura orbitalis superior) и ги инервира надворешните мускули на окото кои ги овозможуваат повеќето движења на окото и кои го креваат очниот капак. Тој, исто така, содржи влакна кои ги инервираат внатрешните мускули на окото кои овозможуваат констрикција и акомодација на зеницата (можност видот да се фокусира на блиски предмети). Очнодвигателниот живец потекнува од базалната плоча на ембрионалниот среден мозок. Капиталните нерви IV и VI исто така учествуваат во контролата на движењата на очите.[1]

Очнодвигателен живец
Живци на очната празнина. Гледано одозгора.
Инфериорен поглед на човечкиот мозок, со обележани черепни живци.
Податоци
Одјадро на очнодвигателен живец, Едингер-Вестфалово јадро
Вогорна гранка, долна гранка
Надразнувагорен рамен мускул, долен рамен мускул, медијален рамен мускул, долен кос мускул, мускул подигнувач на горниот очен капак, мускул сфинктер на зеницата, цилијарен мускул
Назнаки
Латинскиnervus oculomotorius
TAA14.2.01.007
FMAFMA:50864

Структура

уреди

Очнодвигателниот живец потекнува од јадрото на очнодвигателниот живец, кое се наоѓа на ниво на горната испакнатина (colliculus superior) на средниот мозок. Ова јадро се наоѓа вентрално од аквадуктот на Силвиус (aqueductus Sylvii), во пред-аквадукталната сива маса. Нервните влакна кои излегуваат од ова јадро потоа минуваат низ црвеното јадро (nucleus ruber), па низ црната супстанца (substantia nigra) и излегуваат од средниот мозок низ интерпедункуларната јама (fossa interpeduncularis).

Излегувајќи од мозочното стебло, живецот е обложен со обвивка од мека мозочница (pia mater), над која се наоѓа продолжение на пајажестата мозочница (arachnoidea mater). Тој минува меѓу горната церебеларна артерија (под) и задната церебрална артерија (над), а потоа ја пробива тврдата мозочница (dura mater) антериорно и латерално во однос на задниот клиноиден продолжеток (processus clinoideus posterior), поминувајќи меѓу слободните и прицврстените граници на шаторот на малиот мозок (tentorium cerebelli).

Потоа го поминува кавернозниот синус, над другите орбитални живци, а во текот на својот пат прима еден или два филаменти од кавернозниот сплет (plexus cavernosus) на симатичкиот нервен систем и една гранка од офталмичниот живец (V1). Како што очнодвигателниот живец влегува во очната празнина преку горната пукнатина на очната празнина, тој се дели на горна и долна гранка.[1]

Горна гранка

уреди

Горната гранка на очнодвигателниот живец минува медијално над видниот (оптичкиот) живец и ги инервира горниот рамен мускул (musculus rectus superior bulbi) и мускулот подигнувач на горниот очен капак (musculus levator palpebrae superioris).

Долна гранка

уреди

Долната гранка на очнодвигателниот живец, која е поголема, се дели на три гранки.

Сите овие гранки влегуваат во мускулите од нивните очни површини, со исклучок на нервот за долниот кос мускул, кој влегува во мускулот од неговата задна граница.

Јадра

уреди

Постојат две јадра на очнодвигателниот живец:

На очнодвигателниот живец се приклучуваат и симатички постганглиски влакна од сплетот на внатрешната каротидна артерија во ѕидот на кавернозниот синус.

Функција

уреди

Очнодвигателниот живец е изграден од општи соматски еферентни влакна кои ги инервираат следните напречнопругасти мускули: мускулот подигнувач на горниот очен капак, горниот рамен мускул, медијалниот рамен мускул, долниот рамен мускул и долниот кос мускул. Всушност, тој ги инервира сите мускули двигатели на очното јаболко освен горниот кос мускул и латералниот рамен мускул.

Очнодвигателниот живец, исто така, поседува општи висцерални еферентни влакна, кои се дел од парасиматичкиот систем и влегуваат во цилијарната ганглија. Од цилијарната ганглија, постганглиските влакна поминуваат низ краткиот цилијарен нерв до мускулот сфинктер на зеницата и цилијарните мускули.

Клиничко значење

уреди

Болести

уреди

Парализа на очнодвигателниот живец може да настане како резултат на:

Кај луѓе со дијабет и постари од 50 години, парализата на очнодвигателниот живец, во класична смисла, се јавува со зачувување на рефлексот на зеницата. Се смета дека ова се јавува поради анатомскиот распоред на нервните влакна во очнодвигателниот живец; влакната кои ја контролираат функцијата на зеницата се површни и поштедени од исхемичните повреди кои се јавуваат кај шеќерната болест. Од друга страна пак, аневризма која предизвикува компресија на очнодвигателниот живец ги афектира неговите површински влакна и се манифестира како парализа на нервот со губиток на рефлексот на зеницата.[2]

Испитување

уреди

Мускули на очите

уреди

Черепните живци III, IV и VI обично се тестираат заедно како дел од невролошкиот преглед на капиталните нерви. Лекарот кој го врши прегледот обично му дава инструкција на пациентот да ја држи главата мирно и да следи само со очите прст (или пенкало), кој лекарот го движи пред пациентот и со него опишува голема буква „Н“. Со набљудување на движењата на окото и очните капаци на пациентот, лекарот може да добие информации за функцијата на екстраокуларните мускули (мускулите двигатели на очното јаболко), мускулот кој го подигнува горниот очен капак, и за функцијата на черепните нерви III, IV и VI. Губитокот на функцијата на кој било од мускулите на окото резултира со офталмоплегија .

Бидејќи очнодвигателниот живец ги контролира повеќето очни мускули, неговото оштетување полесно се открива. Оштетувањето на овој живец, наречено парализа на очнодвигателниот живец, е познато по симптомите на надолу и нанадвор, поради положбата на засегнатото око (странично, надолно отстапување на погледот).

Рефлекс на зеницата

уреди

Очнодвигателниот живец исто така ја контролира констрикцијата на зениците и проширувањето на очната леќа. Ова може да се тестира на два главни начина. Со движење на прстот кон лицето на пациентот за поттикнување на негова акомодација, зениците треба да се стеснат.

Сјаењето на светло во едното око треба да резултира со еднаква констрикција на другото око.

Губитокот на рефлексот на акомодација и продолженото ширење на зеницата може да укаже на присуство на лезија на очнодвигателниот живец.

Дополнителни слики

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 The Clinical Anatomy of the Cranial Nerves: The Nerves of "On Olympus Towering Top". Wiley-Blackwell. 2015. ISBN 978-1-118-49201-7. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. „Third Nerve Palsy (Oculomotor Nerve Palsy): Background, Pathophysiology, Epidemiology“. 2021-07-12. Наводот journal бара |journal= (help)

Надворешни врски

уреди