Очен капак или Клепка — тенок слој од кожа кој го покрива и заштитува окото.

Голен и долен очен капак

Пореметувањa на очните капаци

уреди

Пореметувањето на очните капаци е вродена мана.Пореметување на очните капаци:

  • епикантусот
  • блефарофимозата
  • анкилоблефаронот.
  1. Епикантус (Epicanthus) - вродена мана која се појавува обострано, во вид на вертикални кожни набори кои ги покриваат внатрешните агли на птворот на капакот. Уште се нарекува и монголски набор, заради карактеристичната појава кај жолтата раса.
    Лекувањето е хируршко!
  2. Блефарофимоза (Blepharophimoza)- Претставува состојба кај која отворот на капакот хоризонтално е скратен. Се јавува како вродена мана или стекната кај постари поединци кај кои преку надворешниот агол на отворот од капакот се нависнала кожа поради изгубената еластичност. Меѓутоа во овој случај, отворот на капакот е само привидно скратен во хоризонтален правец, и ако со прст ја повлечеме кожата на капакот хоризонтално во темпоралниот правец ќе приметиме дека има rima palpebralis е со нормална должина.
  3. Анкилоблефарон (Anikyloblepharon)- e потполно или делумно срастување на ивиците на горниот и долниот капак. Ваквото сраснување може да се случи и после сраснати предизвикани лузни од повреди, изгореници и сл.

Деформитети на очните капаци

уреди

Деформитети на очните капаци:

  • Птозис
  • Ентропион
  • Ектропион
  • Блефароспазам
  • Едем на клетките
  • Екцем
  1. Птозис(Ptosys) - претставува спуштеност на горниот капак заради ослабената функција на активното подигање на капакот.
  2. Ентропин'(Entropium) - е завртување на работ на очниот капак спрема очното јаболко, така што трепките доаѓаат во допир со површината на рожницата и коњуктивата. Се добива чувство на туѓо тело во окото, гребење и солзење. Има два видови на ентропин: Entropium spasticum и Entropium cictriceum
  3. Ектропион(Ectropium) - е состојба обратна од ентрропинот. Кај ектропинот клетките се одделени од очното јаболко, целосно и делумно завртени нандавор. Коњуктиата е црвена, задебелена, изложена на надворешни влијанија и сушење.
  4. Блефароспазам(Blepharospasmus) - е тоничен грч m.orbicularis oculli, најчесто е рефлексен и настанува со иритација на n.trigeminus кај бројни заболувања на окото.
  5. Едем на клетките(Oedema palpebrarum)- претставува насобирање на течност, претежно во хориумот и сврзното ткиво под кожата на капакот. Отечените капаци се отечени до таа мера да нивното отворање е отежнато или тотално оневозможено.
  6. Екцем(Ekzema palpebrarum)- е алергиска манифестација на кожата на капакот. Најчесто се јавува кај деца со лоши хигиенски навики, кои голедуваат често од кератокоњуктивитис. Екцемот освен на капакот се шири кон околината на кожата на лицето, носот и ушите.

Болести на очните капаци

уреди

Очните капаци го штитат очното јаболко и со трепкањето овозможуваат протекување на солзите кој ја однесуваат нечистотијата од предната површина на окото.

Горниот капак е двапати поширок од долниот, а двата формираат отвор-rima palpebrarum. Површината на капакот ја сочинува тенка кожа (содржи влакна со потни и лојни жлезди), растресито сврзно ткиво, мусклули и сврзно-ткивна плочка со 'рскавична конзистенција.

Прегледот на очните капаци опфаќа

  • инспекција и палпација на кожата
  • преглед на ивиците на очните капаци и распоредот на трепките
  • испитување на положбата на очните капаци (entropium - капакот е свртен кон внатре, ectropium - капакот е свртен кон надвор)
  • активно и пасивно движење на очните капаци

Болести на кожата на очните капаци

уреди

На кожата на очните капаци може да се јават сите болести на кожата кои се гледаат на лицето.

Васкуларни пореметувања

уреди
  • Оток на капаците (oedema palpebrarum)- е насобирање на течност под кожата на капаците.
  • Тие се задебелени и нивното отворање може да биде оневозможено.
  • Обично нема последици
  • Невоспалителен (ладен) оток настанува при бубрежна и срцева инсуфициенција.
  • Воспалителен (топол) оток настанува при воспаление на самите капаци и при воспалителни процеси во околината (орбита, солзна кесичка, параназална шуплина итн.).

Haematoma palpebrarum

уреди

Крвен подлив во кориумот и поткожното ткиво на очните капаци.

  • Кожата има ливидна боја, капаците се задебелени, отворот е стеснат или затворен, движењата се ограничени
  • Заради богатата васкуларизација и доволниот простор, хематомите се чести, достигнуваат големи размери и се ресорбираат за 2-3 недели, без последици.
  • Најчести причини се: механички повреди и крвни дискразии.
  • Терапија: каузална, при крвни дискразии.

Алергиски манифестации

уреди

Може да се јават како реакција на разни алергени (храна и др.), локална и општа припрема на разни лекови (атропин, пеницилин), како и при употреба на некои козметички средства. Се одликуваат со црвенило, оток и јадеж. Терапијата се сосоти во отстранување на предизвикувачите, антихистаминици и локално кортизонски масти.

Eczema palpebrarum

уреди

Се јавува кај лошо негувани, нечисти деца, кои често боледуваат од кератокоњуктивитис. Може да има и професионално потекло. Екземот, често ја зафаќа и околната кожа на лицето, носот и ушите. Не остава потешки последици. Терапија: хигиено-дитетски мерки,локално кортизонски масти.

Квинекоев едем (Oedema Quincke)

уреди

Се одликува со нагла појава на оток на очниот капак. Има неинфективен карактер.

Надворешни врски

уреди

Воспаление на очните капаци Архивирано на 17 август 2013 г.