Офталмоплегија — пареза или парализа на очните мускули.

Офталмоплегија

Етиологија

уреди

Причините може да бидат различни: трауматски (на пример фрактура на базата на черепот), воспалителни (менингитис, сифилис, ботулизам, полирадикулоневритис), дегенеративни (прогресивна јадрена офталмоплегија), васкуларни (склеротични петехии во мезенцефалон), туморски (менингеом на базата на черепот).

Клиничка слика

уреди

Според локацијата на патолошкиот процес кој ја предизвикал парализата, офталмоплегијата може да биде:

  • Супрајадреналезиите се над јадрото, оштетени се кортикалните центри за гледање, како и нивната врска со центарот за хоризонтален поглед (понс) или центарот за вертикален поглед (мезенцефалон). Пациентот не може ниту волно нити рефлексно да ги движи очите.
  • Јадрени оштетувања на ниво на јадрата, т.е. мозочното стебло.
  • Инфрајадрени оштетени се самите нерви, односно мозочното стебло. Може да биде комплетна и некомплетна. Надворешната офталмоплегија означува одземеност на надворешните мукули - булбомотори – движачи на очното јаболко, а внатрешната парализа се однесува на * Меѓујадрени оштетен е трактус лонгитудиналис медијалис. Тој претставува асоцијативен пат на мозочното стебло кој меѓусебно ги поврзува јадрата на булбомоторите како и со јадро вестибуларис јадрата на цервикалниот дел на ’рбетниот мозок (благодарение на оваа врска ја вртиме главата, очите и вратот во исто време, кон иста страна).

Дијагноза

уреди

Се поставува врз основа на офталмолошкиот и невролошкиот преглед, како и понатамошните испитувања за утврдување на причините (рендгенографија)

Терапија

уреди

Терапијата е етиолошка доколку се знае причината. Симптоматското лекување се состои од медикаментозно (витамин Б), физикално (електротерапија) и оперативно лекување.