Очилен кајман
Очилен кајман | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Влекачи |
Ред: | Crocodilia |
Семејство: | Alligatoridae |
Род: | Caiman |
Вид: | C. crocodilus |
Научен назив | |
Caiman crocodilus (Linnaeus, 1758) | |
подвидови | |
C. c. apaporiensis | |
распространетост на очилниот кајман |
Очилниот кајман (Caiman crocodilus) познат и под името обичен кајман е крокодиловиден влекач кој го среќаваме во поголемиот дел на Централна и Јужна Америка. Овој вид живее во мочуришта и речни системи, но подеднакво поднесува и солена и слатка вода. Поради оваа одлика тој е најчесто среќаваниот вид од сите крокодиловидни животни.
Особености
уредиОвој вид на кајман може да порасне и до 3 метри на повеќето единки не се подолги од 2,5 метри. Мажјаците најчесто се долги помеѓу 2 и 2,5 метри а женките се помали, односно околу 1,4 метри (види полов диморфизам). Името на овој кајман е добиено како резултат на коскениот израсток меѓу очите поради кој имаме впечаток дека носи очила. Муцката им е широка, а според телесните пропорции доста наликуваат на крокодилите. Бојата на кожата варира од сива до маслинесто зелена. Мажјаците се територијални животни, и присутна е доминантна хиерархија.
Исхрана
уредиМладите кајмани воглавно се хранат со речни безрбетници. Као стареат, така исхраната им се збогатува со рбетници, а возрасните единки ловат и цицачи. За време на сушните периоди, очилните кајмани прекинуваат да се хранат, излегуваат од водата и за закопуваат во калта каде мируваат. Понекогаш, во такви екстремни услови се забележува и појава на канибализам.
Размножување
уредиЖенките достигнуваат полова зрелост на возраст од 4-7 години, кога се долги околу 1,2 метри. Мажјаците достигнуваат полова зрелост при должина од 1,4 метри. Неколку женки можат да делат едно гнездо, што им овозможува полесна одбрана на јајцата и на младите кајмани. Поради истата причина се случува една женка да преземе родителска грижа и врз младите на други парови. Социјална хиерархија се појавува и помеѓу младите кајмани.
Подвидови
уредиПостојат 3 познати подвида на очилниот кајман:
- C. c. apaporiensis - река Рио Апапорис
- C. c. crocodilus - Колумбија, Перу и делови на Амазон
- C. c. fuscus - Мексико
Во минатото се сметало дека јакарскиот кајман е подвид на очилниот кајман.
Надворешни врски
уреди- (англиски) „Caiman crocodilus“. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 1996. Посетено на 6 мај 2006. Database entry includes a brief justification of why this species is of least concern
- (англиски) Crocodilian Species list from the Florida Museum of Natural History Архивирано на 11 јануари 2006 г.