Јакарски кајман
Јакаре кајман | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Влекачи |
Ред: | Крокодиловидни |
Семејство: | Алигаторовидни |
Род: | Кајман |
Вид: | Јакарски кајман |
Научен назив | |
Caiman yacare Daudin, 1802 | |
Јакарскиот кајман (науч. Caiman yacare, португалски: Jacaré), познат и под името парагвајски кајман е вид на кајман кој го среќаваме во централниот дел на Јужна Америка, вклучувајќи ја северна Аргентина, источна Боливија, југозападен Бразил и реките во Парагвај.
Овие животни растат до максимална должина од 2-3 метри и се хранат со риби, мекотели, цицачи и ракови. Кожата на јакарскиот кајман се употребува во производство на кожни производи па затоа често се жртви на ловокрадство.
Галерија
уредиНадворешни врски
уреди- Јакарски кајман (Caiman yakare) Архивирано на 2 јануари 2010 г. - Флоридски универзитет (англиски)