Обична штипалка

видови риби
Обична штипалка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Наткласа: Коскени риби
Класа: Зракоперки
Поткласа: Новоперки
Инфракласа: Целокоскени риби
Надред: Ostariophysi
Ред: Cypriniformes
Натсемејство: Cobitoidea
Семејство: Cobitidae
Потсемејство: Cobitinae
Род: Cobitis
Вид: C. taenia
Научен назив
Cobitis taenia
Linnaeus, 1758

Обичната штипалка или Cobitis taenia е честа слатководна риба во Европа и Азија. Таа е типски вид на родот Cobitis (штипалки) и фамилијата Cobitidae.

Поседува издолжено, странично сплескано тело покриено со ситни крлушки. Има релативно висока глава во однос на телото. Устата е долна, месеста. Има три пара мустаќи, од кои два пара се поставени на врвот од устата. Телото на штипалката е со жолтопортокалова боја, а од горната страна е покриено со темносиви до црнокафеави флеки со различна големина. Бојата на стомачната страна е жолто-црвеникава. Очите се мали, по боја се жолтеникави и поставени високо над главата. Под секое око се наоѓа по еден трновиден израсток, кој на крајот се разгранува на два дела.

Надворешни врски

уреди