Осумка (езеро)
Осумка — повремено природно постглацијално ледничко езеро кое се наоѓа високо на планината Баба во непосредната близина на Големото Пелистерско Езеро. Сместено е на надморска висина од 2.200 м. на оддалеченост од околу 150 метри од моренскиот бедем на Големото Пелистерско Езеро и на 500 метри над Димитровото Езеро[1], при што припаѓа во рамките на Националниот парк Пелистер.
Осумка (Мразарничка Локва/Езеро) | |
Површина | 475 м2 |
Должина | 47,5 м |
Ширина | 13 м |
Обем | 115 м |
Длабочина | 0.4 м |
Надморска висина | 2.200 м |
Планина | Баба (Пелистер) |
Одлики
уредиТоа е типично акумулативно моренско езеро, бидејќи од сите страни е заградено со моренски седименти[1]. Езерото има облик на бројот 8, поради што е така и именувано од научните и стручни истражувачи[1], меѓутоа за поголема автентичност и сообразност со топонимијата на местоположбата каде што се наоѓа веднаш западно под врвот Мразарник тоа може да биде именувано и како Мразарничка Локва (Езеро). Првичните мерења покажале дека езерото е долго 25 метри, широко 7 метри, а длабоко 40 сантиметри, но подоцнежните мерења при научните истражувања покажале дека најголемата должина измерена во правец југоисток-северозапад изнесува 47,5 метри, најголемата широчина измерена во правец југозапад-североисток изнесува 13 метри, при што во најтесните средишни делови се движи до 5 метри, а просечната широчина изнесува 10 метри[1]. Вкупната должина на езерскиот брег при максимално ниво на водата изнесува 115 метри, а најголемата длабочина изнесува 0,4 метри додека средната е 0,3 метри[1]. Во наведените рамки езерото зафаќа површина од 475 м2[1]. За време на висок водостој, во ова езерско корито се собираат помеѓу 100 и 150 м3[1]. Езерото во крајбрежните делови е обраснато со тревната растителност, а во средишниот или најдлабок дел на местото каде што водата се задржува најдолго, тоа е каменливо[1]. Ова езеро се полни со вода од атмосферските врнежи кои директно се излачуваат над езерскиот басен и непосредниот слив, како и од водата што се добива со топење на снегот и снежниците кои се формираат во самиот езерски базен и непосредната околина[1]. Водите обично се задржуваат до средината на јуни, а понекогаш и подоцна[1].
Галерија
уреди-
Поглед на езерото од запад
-
Поглед на езерото од запад
-
Поглед на езерото од запад
-
Поглед на езерото од запад
-
Поглед на езерото од север
-
Поглед на езерото од запад
-
Глетка на езерото
-
Глетка на езерото
-
Глетка на езерото
Поврзано
уреди„Осумка (езеро)“ на Ризницата ? |