Островот на Черепите
Островот на Черепите (англиски: Kong: Skull Island, буквално: Конг: Островот на Черепите) — американски филм за чудовишта од 2017 г. во режија на Џордан Вот-Робертс. Филмот е произведен од Legendary Pictures и Warner Bros. Pictures. Тоа е обнова на франшизата „Кинг-Конг“ и вториот филм од франшизата „MonsterVerse“, кој е 11-ти филм во франшизата „Кинг-Конг“. Главните улоги ги толкуваат Том Хидлстон, Семјуел Л. Џексон, Џон Гудман, Бри Ларсон, Џинг Тиан, Тоби Кебел, Џон Ортиз, Кори Хокинс, Џејсон Мичел, Шеј Вигам, Томас Ман, Тери Нотари и Џон Рајли. Сместено во 1973 г., екипа од научници, авантуристи и војници од Виетнамската војна патуваат до непознатиот Остров на Черепите и се среќаваат со Конг, гигантски мајмун што е последен од неговиот вид, проследен со други застрашувачки суштества.[5][6]
„Островот на Черепите“ | |
---|---|
Плакатот на македонски јазик | |
Режисер | Џордан Вот-Робертс |
Продуцент |
|
Главни улоги | |
Музика | Хенри Џекман |
Кинематографија | Лари Фонг |
Монтажа | Ричард Пирсон |
Студио | Legendary Pictures Tencent Pictures[1] |
Дистрибутер | Warner Bros. Pictures |
Премиера | 10 март 2017 г. (САД) 9 март 2017 г. (Македонија) |
Времетраење | 118 минути[2] |
Земја | САД |
Јазик |
|
Буџет | 185 милиони долари[3] |
Бруто заработка | 568,6 милиони долари[4] |
Премиерата на филмот во САД била на 10 март 2017 г., а во Македонија на 9 март истата година.[7]
Содржина
уредиНаучници, војници и авантуристи се обединуваат за да го истражат митскиот, непознат остров наречен Остров на Черепите во Тихиот Океан. Одделени од сè познато, тие се впуштаат во царството на моќниот Конг, разгорувајќи ја крајната битка меѓу човекот и природата.
Улоги
уредиГлумец | Улога |
---|---|
Том Хидлстон | Џејмс Конрад |
Сeмјуел Л. Џексон | Престон Пакард |
Џон Гудман | Вилијам Ранда |
Бри Ларсон | Мејсон Вивер |
Џинг Тиан | Сан Лин |
Тоби Кебел | Џек Чапмен |
Џон Ортиз | Виктор Нивес |
Кори Хокинс | Хјустон Брукс |
Џејсон Мичел | Глен Милс |
Шеј Вигам | Ерл Кол |
Томас Ман | Реџ Сливко |
Тери Нотари | Кинг-Конг |
Џон Рајли | Хенк Марлоу |
Наводи
уреди- ↑ Gleiberman, Owen (March 2, 2017). „Film Review: 'Kong: Skull Island'“. Variety. Архивирано од изворникот June 2, 2020. Посетено на June 2, 2020.
- ↑ „Kong: Skull Island (12A)“. British Board of Film Classification. Архивирано од изворникот August 2, 2020. Посетено на April 17, 2020.
- ↑ „'Kong: Skull Island' Hopes To Leave Huge Footprint at Global B.O. In Face Of 'Logan's Wrath“. Deadline Hollywood. Архивирано од изворникот November 16, 2018. Посетено на February 16, 2017.
- ↑ Предлошка:Cite Box Office Mojo
- ↑ Williams, Trey (March 11, 2017). „Kong: Skull Island is Step 1 in Warner Bros. reboot of 1933 classic as monster franchise“. Market Watch. Архивирано од изворникот June 16, 2018. Посетено на February 26, 2018.
- ↑ Rabin, Nathan (March 13, 2017). „The Monkey and the Metaphor: What Every King Kong Movie Is Really About“. Vanity Fair. Посетено на February 26, 2018.
- ↑ Ford, Rebecca (December 12, 2014). „Universal Pushes King Kong Film to 2017, Dates Great Wall Movie for 2016“. The Hollywood Reporter. Архивирано од изворникот February 8, 2015. Посетено на December 13, 2014.
Надворешни врски
уреди- Островот на Черепите на Семрежната филмска база на податоци (англиски)