Остен Биенале на цртеж
Биенале на цртеж е конкурс за цртежи и повеќе други категории од уметноста на хартија, каде централен настан е објавувањето на наградите и изложба на селектирани дела.[1] Се одржува во парните години и на неа земаат учество уметници од цел свет, а селекцијата и изборот на награди го прави интернационално жири.[2]
Основната цела на секое издание на Остен Биенале на цртеж е преку награди и признанија да се поттикне продукцијата на уметноста на хартија, но и на поттикнување на нови, креативни и современи интерпретaции на цртежот со потполна уметничка слобода. За наша основна мисија го сметаме поврзувањето на најголемите уметници во светот со уметниците кои допрва доаѓаат во заеднички настан, истовремено овозможувајќо им на уметниците ширум светот преку јазикот на ументоста своите дела да ги претстават пред пошироката публика, додека делата остануваат во колекцијата на Остен како доказ за состојбата на уметноста во времето кога настанале и на располагање на професиналците за понатамошни истражувања. Делата од уметниците кои учествуваат на Остен Биеналсто на цртеж се основен извор на ажурирање на колекцијата на Остен, која во моментов брои околу 13.000 дела организирани по национални колекции[3].
Остен Биеналето на цртеж е манифестација за која секое наредно издание има поголема заинтересираност од претходното, а квалитетот на пристигнатите дела и бројот на учесниците е сè поголем.
Година | Гран при за животно дело | Награда Светско културно наследство |
---|---|---|
2009 | Јоже Циуха, Словенија | Виктор Вазарели, Унгарија |
2010 | Владимир Величковиќ | Пабло Пикасо |
2012 | Кристо | Димитар Аврамовски Пандилов |
2014 | Марина Абрамовиќ | Џоан Миро |
2016 | Тони Крег | Салвадор Дали |
2018 | Пјер Сулаж | Хенри Мур |
2020 | следува | следува |
Наводи
уреди- ↑ На страницата на Остен
- ↑ од Слободна Европа
- ↑ „Колекцијата на Остен“. Архивирано од изворникот на 2019-06-06. Посетено на 2019-12-06.