Светска галерија на карикатури

Светска галерија на карикатури е основана во 1969 година,[1] кога се одржувале 6-те Средби на солидарноста, кои во текот на 10 години се одржувале секоја година после катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година.

Организацијата на оваа манифестација која до денес се организира секоја година, била доделена на редакцијата на Остен. Една година подоцна „Остен” и Светската галерија на карикатури влегуваат во состав на Новинско издавачкото претпријатие „Нова Македонија“. Светската галерија на карикатури е единствена манифестација од овој вид во Македонија, најстара на Балканот и една од најстарите во светот. Со нејзиното формирање во 1969 од редакцијата на списанието Остен, критичката мисла изразена преку уметничките форми како карикатурата, сатиричниот цртеж и стрипот, станала достапна за широката публика. Во нејзиното досегашно постоење знаела за различни времиња од комплетна поддршка на заедницата и на институциите, до транзициона невозможност да се појави со годишно издание.

Светската галерија на карикатури опстојува поради личен ангажман и ентузијазам на поединци, кои успеале да ја одржат до денес.

Наводи

уреди