Остани со мене (филм од 1986)
„Кралот и четири кралици“ (англиски: Stand by me) - американски филм од 1986 година, во режија на Роб Рејнер (Rob Reiner) по сценариото на Рејнолд Гидеон (Raynold Gideon) и Брус А. Еванс (Bruce A. Evans), засновано врз новелата на Стивен Кинг (Stephen King). Главните улоги ги толкуваат: Вил Витон (Wil Wheaton), Ривер Феникс (River Phoenix), Кори Фелдман (Corey Feldman), Џери О'Конел (Jerry O´Connell), Кифер Сатерленд (Kiefer Sutherland), Кејси Симашко (Casey Siemaszko), Џон Кјузак (John Cusack), Бредли Грег (Bradley Gregg), Маршал Бел (Marshall Bell), Френсис Ли Мекејн (Frances Lee McCain) и Ричард Драјфус (Richard Dreyfuss). Автор на музиката е Џек Ниче (Jack Nitzsche), а фотографијата е дело на Томас Дел Рут (Thomas Del Ruth). Филмот бил номиниран за „Оскар“ во категоријата за најдобро адаптирано сценарио, како и за „Златен глобус“ за најдобар филм и за најдобра режија. Тој се смета за најдобро остварување во кариерата на Рејнер. [1]
Синопсис
уредиОткако во весникот ќе ја прочита веста дека Крис Чејмберс е убиен во еден ресторан, писателот Горди Лаханс (го игра Драјфус) се присетува на своето детство и настанот кој целосно му го променил животот. израснат во малото место Калс Рок, 12-годишниот Горди (го игра Витон) станал неразделен другар со тројца врсници. Заедно со Крис Чејмберс (го игра Феникс), момче кое со својот груб однос се обидува да ја прикрие болката поради физичкото малтретирање од родителите, во друштвото се и несигурното момче Верн Тесио (го игра О'Конел), како и привидно веселиот Теди Душамп (го игра Фелдман), кој всушност е проблематично момче, опседнато со смртта. Еден жежок летен ден, откако Верн од својот постар брат Били (го игра Симашко) дознава дека на околу 30 километри од градот лежи телото на момче кое го изгазил воз. Тогаш, Горди и другарите тргнуваат пешки по железничката пруга за да го видат мртвото момче.[2]
Наводи
уредиОваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |