Османлиско-црногорска војна (1876-1878)
Османлиско-црногорската војна (1876-1878) довела до конечно протерување на Османлиите од црногорската земја. Како позадина на војната било востанието во Херцеговина и почетокот на Српско-турската војна истата година.
Османлиско-црногорска војна (1876-1878) | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Црногорското знаме од Битката кај Вучји Дол, оштетено од турските куршуми |
|||||||||
|
|||||||||
Завојувани страни | |||||||||
Црна Гора | Османлиско Царство | ||||||||
Команданти и водачи | |||||||||
Никола I Петровиќ Марко Миланов Лука Филипов | Ахмед Мухтар-паша Осман Нури-паша Селим-паша |
||||||||
Сила | |||||||||
65,000 | 85,000 | ||||||||
Жртви и загуби | |||||||||
околу 770 | 20,000 убиени 25,000 повредени |
Заднина
уредиВо октомври 1874 година во Подгорица, која тогаш била пограничен град на Османлиската империја, бил убиен Јусуф-бег Крњиќ, познат османски чиновник. Најверојатно го убил еден близок роднина на војводата Марко Миљанов. Во знак на освета, Турците извршиле одмазда над населението и трговците. Овој настан е познат како Подгорички покол. Тој резултирал со лоши односи помеѓу Црна Гора и Османското царство, који уште повеќе биле влошени со избивањето на востанието во Херцеговина. Црна Гора им пружала воена и материјална помош на востаниците и ги застапувала пред Портата. Црна Гора за себе барала дел од Херцеговина кој османските власти не сакале да и го отстапат. Поради тоа Црна Гора во јуни 1876 година и објавила војна на Османлиската империја, а веднаш потоа тоа го направила и Србија.
Војната
уредиЕдна од најодлучувачките битки била кај Волчиот дол каде османлиските сили имале загуба од 4,000 војници наспроти 70 црногорски војници. По оваа победа битки се воделе и на границата кон Херцеговина и Албанија. На 24 септември бил освоен Никшиќ, а по ова следувале Бар, Улцињ, Грможур итн. Војната завршила со потпишување на примирјето од Едрене меѓу Руската и Османлиското Царство. Територијата на Црна Гора се проширила од 4.405 км2 на 9.475 км2 а по Берлинскиот конгрес земјата добила независност.