Османлиска инвазија на Мани

Османлиско-египетската инвазија на полуостровот Мани претставува дел од Грчката војна за независност и истата се состоела од три битки. На чело на Османлиите бил Ибрахим Паша. На 17 март 1821 година, жителите на Маниотс објавиле војна на Османлиското Царство, кое претходело на претходните вооружени востанија и бунтови кои веќе биле започнати во поголемиот дел од Грција. Сепак, и покрај големите победи на востаниците, во целост помеѓу водачите на револуцијата имало големи несоглесувања. Овие недостатоци биле искористени од страна на Османлиите, кои побарале помош од Египет. Засилувањето дошло од Египет, предводено од страна на Ибрахим Паша, кој бил син на водачот на Египет, Мухамед Али. По само неколку месеци, Османлиите издвојувале победа во Мисолонги. По ова, своите позиции муслиманите ги свртиле кон полуостровот Мани.

слика од Питер фон Хес

Ибрахим се обидел во Мани да влезе од неговата североисточна страна на 21 јуни 1826 година, но во истото не успеал. Неговата војска броела околу 7.000 војници наспроти околу 2.500 на Грците. По првичниот неуспех на муслиманскиот сојуз следувало повлекување. Во август војната била обновена. На крајот од војната тие доживеале пораз и биле принудени повторно да се повлечат кон Египет. Полуостровот за последен пат бил нападнат од страна на Османлиите во т.н. Грчка револуција.