Орљава е река во Славонија, источна Хрватска. Реката е долга 89 километри и е лева притока на Сава.

Орљава
Местоположба
Физички особености
УстиеСава, кај Славонски Кобаш
Должина89 км
Особености на сливот

Орљава извира на надморска височина од преку 800 метри во шумско-планинските предели на Псуњ, јужно од селото Бучје. Во реката се влеваат сите планински потоци кои извираат во планините Папук и Пожешка гора. Во близина на Средње Село реката врти југоисточно, а покрај Плетерница ја прима притоката Лонџа која извира на планината Крндија, и го продолжува својот тек јужно помеѓу Пожешка гора и Диљ. Орљава се влева во Сава во близина на Славонски Кобаш.

На Орљава има голем број на водопади, особено во нејзиниот горен тек. Реката исто така е богата со риби и е погодна за риболов.