Орто Ботанико ди Брера

Орто Ботанико ди Брера (5.000 м2) е ботаничка градина која се наоѓа зад Палацо Брера на Виа Брера 28 во центарот на Милано, Ломбардија, Италија, а управувана од Институт за општа применета физика на Универзитетот во Милано. Паркот е отворен во работните денови без наплата.

Орто Ботанико ди Брера наесен

Градината е основана во 1774 година од игуменот Фулгенцио Витман под раководство на царицата Марија Терезија, трансформирајќи ја постоечката исусовска градина за да им служи на студентите по медицина и фармакологија. Градината била обновена во 1998 година по долг период на запоставување и распаѓање.

Денес градината се состои првенствено од правоаголни цветни леи, со елиптични езерца од 18 век и стаклена градина од 19 век (сега ги користи Академијата за ликовни уметности).

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди