Оркански височини

Оркански височини (анг. Wuthering Heights) е готски роман, единствен на англиската писателка Емили Бронте. Првпат би издаден во 1847 година под псевдонимот Елис Бел, а било издадено и второ, посмртно издание на книгата, под уредништво на нејзината сестра Шарлота Бронте.

Оркански височини
Насловна страна на првото издание
АвторЕмили Бронте
Изворен насловWuthering Heights
ЗемјаОбединето кралство
ЈазикАнглиски
ЖанрГотски роман
ИздавачТомас Котли Њуби
Издадена
1847
Published in English
1847
Страници260 (1994: Penguin Classics)

Името на романот произлегува од карпестиот реон Јоркшир, каде што и се одвива дејството. Самата придавка „орканско“ (анг. wuthering) се однесува на бурно време. Во романот се раскажува страсната, но попречена љубовна приказна помеѓу Хитлиф и Кетрин Ерншо, којашто евентуално ќе ги уништи и нив и нивните блиски.

Иако романот „Оркански височини“ денес се смета за еден од највеличествените романи во англиската литература, во тоа време бил мета на доста критики поради суровите описи на психичко и физичко измачување.[1][2] Иако на почетокот „Џејн Ер“ од Шарлота Бронте се сметал за најдобриот роман од сестрите Бронте, повеќето подоцнежни критичари коментираат дека оригиналноста на „Оркански височини“ го прави романот супериорен.[3]

Значење и влијание

уреди

Овој роман е многупати адаптиран на филмското платно, како и телевизиски и радио продукции, балет, опера итн.

Белешки

уреди
  1. „Excerpts from Contemporary Reviews“. Academic.brooklyn.cuny.edu. 2009-03-04. Посетено на 2010-05-19.
  2. ''Wuthering Heights'': Publication & Contemporary Critical Reception“. Academic.brooklyn.cuny.edu. 2009-03-04. Посетено на 2010-05-19.
  3. „Later Critical Response to Wuthering Heights“. Academic.brooklyn.cuny.edu. 2009-03-04. Посетено на 2010-05-19.
  4. Discogs, Kate Bush ‎– The Kick Inside (пристапено на 29.6.2020)
  5. IMDb Wuthering Heights (1939) Awards (пристапено на 30.3.2020)

Надворешни врски

уреди