Орел-рибар
Орел-рибар | |
---|---|
![]() | |
Орел-рибар | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Соколовидни или Јастребовидни |
Семејство: | Орли-рибари Sclater & Salvin, 1873 |
Род: | Орел-рибар Savigny, 1809 |
Вид: | Орел-рибар |
Биномен назив | |
Pandion haliaetus (Linnaeus, 1758) | |
![]() |
Орел-рибар (науч. Pandion haliaetus) е птица од редот на соколовидните, сместена во своја семејство орли-рибари (Pandionidae) и свој род орел-рибар (Pandion). Ја има во Македонија.
Распостранетост и живеалиштеУреди
Тие живеат низ целиот свет, а највеќе ги има во Канада и САД. Нивните гнезда најчесто ги поставуваат покрај езерата, мочуриштата и морските брегови.
ОписУреди
Долги се 60 см, а распонот на крилјата им е 180 см. Главата им е бела, а од очите до страните на вратот имаат црно. Градите и долниот дел им е бел, а крилјата им се кафеави.
ИсхранаУреди
Орлите-рибари се хранат со риби, со тежина до 2 кг. Кога ќе здогледаат риба, тие се спуштаат блиску до нивото на водата, грабнувајќи ја со своите нозе. Канџите се така обликувани, што не им дозволуваат на рибите да побегнат.
РазмножувањеУреди
Гнездата им се направени од дрвени стапчиња, а најчесто им се наоѓаат на дрвата, карпите, бандери, мостови и слично, блиску до вода. Женките несат 2-4 јајца кои ги квачат 35-40 дена.
НаводиУреди
- ↑ BirdLife International (2008). „Pandion haliaetus“. 2008 IUCN Red List of Threatened Species. Посетено на 24 февруари 2009.
Надворешни врскиУреди
- Орел-рибар на Ризницата ?
- Видеоснимки, слики и звуци од орли-рибари — „Интернет-збирка на птици“ (англиски)
- Профил на орелот-рибар Архивирано на 2 јануари 2009 г. — Birdlife International (англиски)
- Програм за надзор на гнездата на орелот-рибар — OspreyWatch (англиски)
- Информации за орелот-рибар во Британија — Кралско друштво за заштита на птиците (англиски)