Орден на партизанската ѕвезда

Југословенско одликување

Орден на партизанската ѕвезда (српскохрватски: Орден партизанске звезде/Orden partizanske zvijezde, словенечки: Red partizanske zvezde) — југословенско воено одликување.

Орден на партизанската ѕвезда

Орден на партизанската ѕвезда со златен венец (1. ред)
Земја  Југославија
Тип Три реда
Подобност Југословенски или странски сојузнички цивилни или воени лица
Статус Не се доделува
Статистики
Воведено 15 август 1943
Првенство
Следно (повисоко) Орден на југословенското знаме
Следно (пониско) Орден на Републиката

Лента на одликувањето од 1. ред

Историја

уреди

Орденот бил воспоставен по наредба на Јосип Броз Тито, врховен командант на југословенските партизани на 15 август 1943 година. Во зависност од видот на манифестираните лични квалитети, на примачот му биле доделувани различни ордени:[1]

  • Орден на партизанската ѕвезда со златен венец - за вешто командување и извонредни заслуги.
  • Орден на партизанската ѕвезда со сребрен венец - за храброст и подвиг на воин.
  • Орден на партизанската ѕвезда со пушки - за храброст и саможртва.

На 1 март 1961 година со актот се менуваат имињата на класите и се поставува називот Орден на партизанскате ѕвезда од 1., 2. и 3. ред. Сите редови продолжиле да им се доделуваат на офицерите на ЈНА за успешно командување со единиците на вооружените сили, за умешност во водење борбени дејствија и за покажана особена храброст во борбата против непријателот. Можело да се додели и на државјани на Југославија и на странски државјани.[2]

Орденот бил доделуван од 1943 до 1980 година и за тоа време бил доделен вкупно 12.542 пати, вклучувајќи:[3][4]

  • 1. ред - 627, меѓу кои 37 странци
  • 2. ред - 1.531, меѓу кои 34 странци
  • 3. ред - 10.384

Опис на орденот

уреди

Значката на Орденот на партизанската ѕвезда е изработена од сребро, што е позлатено во случајот на 1. ред. Значката на орденот од 1. ред има облик на црвена емајлирана петкрака ѕвезда поставена на златен лаворов венец. Ѕвездата е обрабена со злато. Кај 2. ред орденот е со венец и сребрен раб. Кај 3, ред ѕвездата не се става на венец туку лежи на вкрстени пушки. Пушките и рабовите во овој случај се сребрени.[5]

Орденот првично бил без лента. За да може редот да се носи со други украси, во 1961 година е воспоставена лента. Црвена е во случај на 1. ред. Кај 2. ред, лентата е црвена со две жолти пруги. Кај 3. ред, лентата е црвена со четири жолти пруги.[5]

Автори на дизајнот билесликарот Ѓорѓе Андрејевиќ-Кун и вајарот Антун Аугустинчиќ. Првите примероци биле направени во Московската ковачница. По војната најпрвин се произведуваат во работилницата на Браќата Кнаус во Загреб, а подоцна и во ковачницата Орешковиќ Марко во Загреб.[6]

Изглед и ленти на одликувањата
Орден на партизанската ѕвезда со златен венец Орден на партизанската ѕвезда со сребрен венец Орден на партизанската ѕвезда со пушки
Изглед на одликувањата
 
 
 
Ленти на одликувањата
 
 
 


Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Зборник докумената и података о народноослободилачком рату југословенских народа, том II, књига I — Билтен Врховног штаба Народноослободилачке војске Југославије 1941—1945. Београд: Војно-историјски институт Југословенске армије. 1949
  2. Каталог изложбе: Одликовања из легата Историјског архива Београда. Београд: Историјски архив Београда. 2015. s. 24 Dostupné online
  3. Opća enciklopedija, Jugoslavenski leksikografski zavod, Zagreb, 1980
  4. Boris Prister, Odlikovanja, Povijesni muzej Hrvatske, Zagreb, 1984
  5. 5,0 5,1 Каталог изложбе: Одликовања из легата Историјског архива Београда (2015). s. 25
  6. Каталог изложбе: Одликовања из легата Историјског архива Београда (2015). s. 30