Општина Одранци

општина во Словенија

Општина Одранци (словенечки: Občina Odranci) — општина во североисточна Словенија. Седиште на општината и единствено населено место е паланката Одранци. Областа е дел од историскиот регион Прекмурје. Денес е дел од Помурскиот статистички регион. Во 2020 г. населението броело 1.633 жители.

Општина Одранци
Občina Odranci
општина
Грб на Општина Одранци
Местоположба на Општина Одранци во Словенија
Местоположба на Општина Одранци во Словенија
Земја Словенија
СедиштеОдранци
Управа
 • MayorИван Маркоја
Површина[1]
 • Вкупна6,9 км2 (27 ми2)
Население (2020)[2]
 • Вкупно1.633
 • Густина24/км2 (61/ми2)
Час. појасCET (UTC+01)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+02)
Мреж. местоodranci.si Уредете го ова на Википодатоците

Општината е формирана во 1994 г. кога е одделена од Општина Лендава.[3]

Знаме

уреди

Знамето и грбот на општината беа усвоени од општинските власти и објавени во Службениот весник на Република Словенија во 1998 година. Знамето е правоаголно, со сооднос 1:2, вертикално поделено на три еднакви зелени, жолти и црвени ленти, со грбот поставен во средната лента.[4]

Наводи

уреди
  1. „Občina Odranci“. Statistični urad Republike Slovenije. Архивирано од изворникот на 2022-01-19. Посетено на 14 март 2020.
  2. „Prebivalstvo po naseljih, podrobni podatki, Slovenija, 1. januar 2020“. Statistični urad Republike Slovenije. 8 јуни 2020. Посетено на 8 јуни 2020.
  3. Vzpostavitev lokalne samouprave v Republiki Sloveniji v številkah. Ljubljana: Statistični urad Republike Slovenije. 2007. стр. 92. Архивирано од изворникот на 2020-10-02. Посетено на 14 март 2020.
  4. Uradni list Republike Slovenije, 77/1998

Надворешни врски

уреди