Опсадата на Печ — опсада која се одвила помеѓу силите на Светото Римско Царство и Отоманското Царство како дел од Големата турска војна.

Опсада на Печ
Дел од Голема турска војна
Датум 14 – 22 октомври 1686
Место Печ, Унгарија
Исход Победа на Светото Римско Царство
Завојувани страни
 Свето Римско Царство Отоманско Царство
Команданти и водачи
Лудвиг Вилхелм Баденски

Откако замокот Будим бил повторно освоен од отоманската власт во 1686 година, австриската војска започнала акција за освојување на Печ. Австриските сили упаднале во градот и го ограбиле, Османлиите виделе дека не можат да го задржат градот, па го запалиле и се повлекле во замокот. Војската предводена од Лудвиг Вилхелм Баденски го окупирала градот на 14 октомври и го уништила аквадуктот што водел до замокот. Османлиите немале друг избор освен да се предадат, што и го направиле на 22 октомври. Опсадата го опустошила претходно просперитетниот регион и областа била населена од селаните кои побегнале од австриските војници.[1]

Наводи

уреди
  1. „After the victory against Turkish“. Архивирано од изворникот на 28 September 2011. Посетено на 19 July 2011.