Опсада на Емеса
34°43′23″N 36°42′52″E / 34.723185° СГШ; 36.714462° ИГД
Опсада на Емеса | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Византиско-арапски војни Муслиманско освојување на Сирија) |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Праведен Калифат | Византија. | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Абу Убајдах Халид ибн ал-Валид | Harbees | ||||||
Сила | |||||||
15,000 | 8000 | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
235 | 4,900 |
Опсадата на Емеса траела во периодот од декември 635 до март 636 година. Конфликтот се одвил помеѓу силите на Византија и Праведниот Калифат на територијата на денешна Сирија. Битката е дел од Византиско-арапските војни и Муслиманското освојување на Сирија, а завршила со победа на Праведниот Калифат.
Заднина
уредиПо големата победа во Битката кај Аџнадајн и заземањето на Дамаск во септември 634 година муслиманската армија ја продолжила својата инвазија кон крајот на 635 година кога Абу Убајдах го испратил на Халид ибн ал-Валид кон градот Емеса, каде подоцна му се придружил заедно со својата војска. Византиските гарнизони на Емеса направиле примирје со муслиманската армија. Било договорено дека Емеса ќе плати 10,000 динари а за возврат муслиманската армија нема да го нападне градот. Од друга страна пак, доколку кон градот се упати барем една византиска армија, договорот ќе стане нефункционален.
Така портите на Емеса биле отворени по потпишувањето на договорот, а муслиманите имале можност слободно да се движат по градот. Сепак управителот на Емеса се надевал на помош од страна на Ираклиј. Во овој период паднале неколку други градови во северниот дел на Сирија.
Опсада
уредиАбу Убајдах одлучил прв да преземе воени напади преку расчистување на задните делови од неговото крило во северна Сирија. По пристигнувањето во градот се одвила една крвава битка меѓу двете страни. По ова пред тврдината пристигнале силите на Халид кои ги принудиле на византиските сили да се повлечат кон тврдината. Така муслиманските сили биле прераспределени во четири групи и тоа по една на секоја од портите во градот.
Освојување
уредиГрадот бил освоен во март 636 година.