Исузу МУ — спортски автомобил (SUV) со средна големина, произведен од јапонскиот производител Исузу. Моделот со три врати бил воведен во 1989 година, а во 1990 година следуваше верзијата со пет врати наречена Исузу МУ Визард, и двете престанале да се произведуваат во 1998 година бидејќи биле заменети од втората генерација. Овој пат, верзијата со пет врати била наречена единствено како Исузу Визард. Исузу произвел неколку варијанти на моделот и неговите деривати во други земји.

Исузу МУ
ПроизведувачИсузу
Производство1989–2004
НаследникЗа Опел/Воксхал:
Опел Антара (Европа)
Воксхал Антара (Обединето Кралство)

За Исузу:
Исузу Аскендер (Северна Америка)
Исузу Алтера (Југоисточна Азија)

За Хонда Паспорт:
Хонда Пилот
Класаспортски автомобил (SUV)
Вид каросерија3-врати караван
5-врати караван

Верзијата со три врати била продавана како Исузу МУ и Хонда Џез во Јапонија, Исузу Амиго и подоцна како Исузу Родео Спорт во САД. Низ цела континентална Европа, моделот со три врати се нарекувала Опел Фронтера Спорт, а Воксхал Фронтера Спорт користена во Велика Британија и Холден Фронтера Спорт во Австралија.

Верзијата со долго меѓуоскино растојание (пет врати) била достапна како Исузу Визард во Јапонија, а во Северна Америка како Исузу Родео и Хонда Паспорт. Опел, Воксхал и Холден, исто така, продавале и верзии со пет врати како Опел Фронтера, Воксхал Фронтера и Холден Фронтера. Се продавал и како „Шевролет Фронтера“ во Египет, „Исузу Камео“ и „Исузу Вега“ во Тајланд, „Исузу Фронтиер“ во Јужна Америка и како „Шевролет Родео“ во Еквадор, Колумбија и Боливија.

Надворешни врски

уреди