Народен правобранител
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Народен правобранител или омбудсман е лице (орган), кое најчесто (но не секогаш) е именувано од владата или парламентот и кое е овластено да ги претставува интересите на граѓаните преку постапување по жалби (претставки) поднесени од поединечни лица. Зборот потекнува од Старо-норвешкиот umboðsmaðr и зборот umbuds man, што значи претставник и не е специфицирано по пол. Првпат е употребено во Шведска. Од 1552 година е во употреба и во другите скандинавски јазици како во Исланд "umboðsmaður", Норвешка "ombudsmann" и во Данска "ombudsmand". Современата употреба на терминот започнува во Шведска со Шведскиот Парламентарен Омбудсман, востановен во 1809, за заштита на правата на граѓаните преку основање на супервизорска агенција независна од извршната власт.
Народен правобранител (Омбудсман) во Република Македонија
уредиНародниот правобранител на Република Македонија [1] Архивирано на 9 декември 2006 г., познат во светот под името Омбудсман, како нова институција во правниот систем на Република Македонија е востановена со Устав на Република Македонија (“Службен весник на РМ” бр. 52/91, бр. 1/92, бр. 31/98 и бр.91/01) во 1997 година. Со Законот за народниот правобранител [2] Архивирано на 29 септември 2007 г. (“Службен весник на РМ” бр. 60/03) утврдена е надлежноста за заштита на уставните и законските права на граѓаните кога им се повредени од органите на државната управа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања.
Народниот правобранител е независен и самостоен во вршењето на својата функција.
Работите од својата надлежност Народниот правобранител ги врши врз основа и во рамките на Уставот и Законот, како и меѓународните правни акти за човековите слободи и права.
Избор и разрешување
уредиСобранието на Република Македонија го избира и разрешува народниот правобранител. Народниот правобранител се избира за време од осум години со право на уште еден избор.
Во извршувањето на функциите и надлежностите на народниот правобранител му помагаат заменици избрани од Собранието на Република Македонија.
Изборот и разрешувањето на народниот правобранител и неговите заменици Собранието на Република Македонија го врши со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници кои припаѓаат на заедниците што не се мнозинство во Република Македонија.
Прв народен правобранител беше Бранко Наумоски (1997-2004). Од декември 2004 до 2020 година народен правобранител бил Иџет Мемети.
Организациска поставеност
уредиСедиштето на институцијата Народен правобранител е на ул. „Димитрија Чуповски“ бр. 2 во Скопје, но истата има и шест подрачни канцеларии во: Тетово, Куманово, Кичево, Битола, Штип и Струмица.
Народниот правобранител има 10 заменици, четири во Скопје и шест во подрачните канцеларии.
Внатрешната организација е составена од четири организациски единици:
- Организациска единица за стручно-аналитички работи
- Организациска единица за меѓународна соработка и односи со јавност
- Организациска единица за човечки ресурси и финансиско работење
- Организациска единица за координација на работата на народниот правобранител
Надворешни врски
уреди- Народен правобранител на Република Македонија Архивирано на 9 декември 2006 г.
- Британски и Ирски Омбудсман асоцијации (BIOA)
- Организација на новинарски Омбудсмани (ONO)
- Интернационална Омбудсман Асоцијација (IOA)[мртва врска]
- Европска мрежа на Омбудсмани во високото образование (ENOHE), Универзитет на Амсетердам Архивирано на 30 април 2005 г.
- Интернационален Омбудсман Институт (IOI) Архивирано на 20 октомври 2006 г.
- Европски Омбудсман Институт (EOI)