Омамори (御守 или お守り) се јапонски талисмани што често се продаваат во Шинто светилиштата и Будистичките храмови, посветени на партикуларни Шинто ками, како и на Будистичките фигури, и се вели дека даваат разни облици на среќа и заштита.

Омамори од разни светилишта.
Омамори посветено за полесно учење. Горниот симбол е од Шинто светилиште на богот Тенџин.

Потекло и употреба

уреди

Зборот мамори (守り) значи заштита, што значи дека омамори е сонкеиго (почесната) форма на зборот. Првично изработени од хартија или дрво, модерните амајлии се мали предмети што обично се чуваат во брокатна торба и можат да содржат молитва, верски натпис или повикување.[1] Омамори се достапни и во Шинто светилиштата и во Будистичките храмови, со неколку исклучоци, и се достапни за продажба, без оглед на нечија религиозна припадност.

Омамори се прават свети со употреба на ритуал, и се вели дека содржат бушин (духовни разграноци) во Шинто контекст или кешин (манифестации) во Будистички контекст.[1]

Иако омамори се наменети за личната употреба на туристите во храмовите, тие главно се сметаат за донација кон храмот или светилиштето што лицето го посетува. Посетителите честопати даваат омамори како подарок на друго лице како физичка форма на добронамерност.

Дизајн и функција

уреди

Обвивката на амајлијата обично е изработена од брокатна свила и обвива ливчиња или парчиња дрво со испишани молитви кои би требало да му донесат среќа на носителот во одредени прилики, задачи или искушенија. Омамори се користат и за да се заштитат од баксузи и често се забележани на торби, закачени на ремени за мобилни телефони, во автомобили итн.

Со текот на годините, омамори се менувале во тоа што наместо само од претежно од хартија и/или дрво, да се изработуваат и од широк спектар на други материјали (т.е. налепници за браник, рефлектори за велосипеди, кредитни картички итн.).[2] Современиот комерцијализам зазел мал дел од правењето на омамори. Обично ова се случува кога попопуларните светилишта и храмови не можат да останат во чекор со големата побарувачка за одредени амајлии. Тогаш, тие бараат од локалните фабрики да ги произведуваат омамори талисманите. Сепак, познато е дека свештениците се жалат на квалитетот и автентичноста на производите направени од фабриките.

Според Јанагита Кунио (1969 г.):

Јапонците веројатно отсекогаш верувале во амајлии од еден вид или друг, но модерно произведените амајлии што сега се продаваат во храмовите и светилиштата најпрво станале популарни во Токугауа периодот или подоцна, и практиката на една личност да носи минијатурни амајлии е исто така нова. Овој обичај е партикуларно чест во градовите.[3]

Употреба

уреди
 
Слика од омамори во Гохонзон стил, дистрибуиран од страна на религиозното движење Сока Гаккаи за нивните членови кога патуваат надвор од својот дом.[4]
 
Омамори од светилиште во Кумамото. Амајлијата тврди дека „го заштитува“ корисникот. Логото горе го означува светилиштето Фуџисаки Хачимангуу.

Омамори можат да обезбедат општи благослови и заштита, или можат да има специфични цели како што се:[5]

  • коотзуу-анзен: безбедност во сообраќајот — заштита на возачите и патниците од сите видови
  • јаку-јоке: избегнување на зло
  • каиун: среќа, подобар ксмет
  • гакугјоо-џооџу: образование и положување на испитите — за студенти и научници
  • шообаи-ханџоо: просперитет во бизнисот — успех во бизнисот и парите
  • ен-мусиби: стекнување партнер и брак — достапен за ергени и парови за да обезбедат љубов и брак
  • анзан: заштита за бремени жени, за здрава бременост и лесно породување
  • канаи-анзен: безбедност (благосостојба) на своето семејство, мир и просперитет во домаќинството

Вообичаено, омамори не се отвораат од своите обвивки со цел да се избегне губење на нивните заштитни придобивки. Тие се носат од некого лично или се врзани за нешто како ранец или чанта. Не е потребно, но амајлиите вообичаено се заменуваат еднаш годишно за да се избегне лошата среќа од претходната година. Старите амајлии обично се враќаат во истото светилиште или храм во кои се купени за да можат правилно да се уништат. Амајлиите обично се враќаат околу Новата година. На овој начин, посетителот на храмот/светилиштето добива нов почеток во Новата година со нов омамори.

Стариот омамори традиционално не треба да се фрли, туку да се запали, како знак на почит кон божеството што му помагало на лицето во текот на целата година.

Ако посетителот на храмот или светилиштето не може да најде омамори што одговара на нивната потреба, тие можат да побараат од свештениците да го направат. Ако доволно луѓе бараат омамори од овој ист вид, храмот или светилиштето може да започне да ги произведува за секојдневна достапност.

Современи комерцијални намени

уреди

Постојат модерни комерцијални верзии на овие амајлии кои обично не се од духовна природа и не се продаваат од светилиштата или храмовите. Станува популарно за продавниците во Јапонија да содржат генерички омамори со познати ликови како што се Мики Маус, Хелоу Кити, Снупи итн.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Reader, Ian; Tanabe, George J. (1998). Practically Religious: Worldly Benefits and the Common Religion of Japan. Honolulu: University of Hawai'i Press. стр. 46. ISBN 0824820908.
  2. Swanger, Eugene R.; Takayama, K. Peter (1 January 1981). „A Preliminary Examination of the "Omamori" Phenomenon“. Asian Folklore Studies. 40 (2): 237–252. doi:10.2307/1177866. JSTOR 1177866.
  3. Kunio, Yanagita (1969). Japanese Culture in the Meiji Era Tokyo (Vol. 4). стр. 314–315.
  4. General Stone Tiger (2010-06-15). „Using the Omamori Gohonzon“ (PDF). Soka Gakkai International. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-08-17. Посетено на 2017-06-11.
  5. Jacobsen, Natalie (2015-05-13). „Japanese Lucky Charms: The Guide to Omamori“. Tokyo Weekender. Посетено на 2017-01-27.

Дополнителна литература

уреди
  • Masuda, Koh (1998). Kenkyusha's New Japanese-English Dictionary (4. изд.). Tokyo: Kenkyusha. ISBN 4767420156.
  • Nelson, Andrew N. (1999). Japanese-English Character Dictionary (1. изд.). Rutland, Vermont: Charles E. Tuttle. ISBN 4805305746.

Надворешни врски

уреди