Омаж (уметност)
Омаж (француски: hommage)[1][2] — покажување или изразување на почит или посветеност кон некого или нешто, понекогаш со едноставно искажување, но често со некоја изложба, сценско или уметничко дело.[3] Поимот често се користи во уметноста, каде што еден автор или уметник покажува почит кон друг со алузија или имитација.[4]
Опис
уредиПрвично овој поим бил декларација за лојалност во феудалниот систем - заклетва дека некој е човек (француски: homme) на или подреден на феудалниот господар.[5] Концептот потоа станал употребен фигуративно за признавање на квалитетот или надмоќноста. На пример, мажот може да ѝ оддаде почит на една дама, па да ја почитува нејзината убавина и други грациозности. Кај германските истражувачи, следбениците на еден голем научник развиле обичај да го почитуваат својот ментор со изработка на трудови за фестивал посветен на него.[6]
Во музиката, омажот може да биде во облик на композиција (Омаж на Падеревски), трибут албум (Омаж на Чарлс Паркер) или примерок.[7] Дигиталните техники што се користат за генерирање на многу облици на медиуми го олеснуваат позајмувањето од други дела, а оваа санација може да се користи како почит кон нив.[8]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „омаж“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „омаж“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „homage“. dictionary.cambridge.org. 19 December 2020. Посетено на 19 December 2020.
- ↑ Zimmer, Ben (5 November 2010). „Homage“. The New York Times. Посетено на 23 October 2017.
- ↑ Vauchez, Andre (2000), „Homage“, Encyclopedia of the Middle Ages, 2, ISBN 9781579582821
- ↑ Derricourt, Robin M. (1996), An author's guide to scholarly publishing, ISBN 0691037094
- ↑ Shepherd, John (30 January 2003), „Rock Homage“, Continuum Encyclopedia of Popular Music of the World, ISBN 9780826463210
- ↑ Grusin, Richard (October 2007), Routledge encyclopedia of narrative theory, ISBN 9780203932896