Олег Јекниќ
Олег Јекниќ (Сараево, 16 април 1970) е српски филмски и телевизиски режисер, професор, теоретичар на медиумите.[1]
Олег Јекниќ | ||
Роден | 16 април 1970 Сараево, Босна и Херцеговина | |
---|---|---|
Националност | Србин | |
Познат | Теорија на интерфејсот (книга) | |
Занимање | режисер и научник |
Предава историја и теорија на филмот на Академијата за уметностите во Белград.[2] Неговата студија Теорија на интерфејсот (срп. Теорија интерфејса), со историски преглед на концептот на медиумите и интерфејсот, и предлогот на новите теории за медиуми, е објавена во 2014. године.[3]
Во раната кариера во 1990-тите како режисер, помеѓу другото, бил и еден од втемелувачите на современите сцени на филмската фантастика во Србија, како и режисер на спотовите на групата Бјесови.
Образование
уредиФилмска и телевизиска режија дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград во 1998 година.
Докторската дисертација „Општа теорија на медиумите заснована врз теоријата на функција на интерфејсот во интерактивната комуникација“ ја одбранил во 2009 година на Универзитетот за уметности во Белград, во рамките на Интердисциплинарните студии на групата за теорија на уметноста и медиумите.[4] Врз основа на овој труд настала книгата Теорија на интерфејсот, објавена во 2014 година.
Уметничка и медиумска кариера
уредиСо филмовите на Динко Туцаковиќ и Марко Костиќ, Јекниќевите рани филмови во периодот меѓу 1993-1995 година (Игра на пионите и Кратки патеки ) се сметаат за зачетници на денешните сцени на фантастичниот филм во Србија.[5] Освен ова, авторот во раниот дел на кариерата се занимавал и со документаристика, музички спотови и мултимедија.
За белградските рекламни агенции и телевизиски продукции од 1995 до 2003 година бил режисер на реклами, сценарист и копирајтер, како и продуцент и автор на интернет сајтови и портали.
Режисер (избор)
уреди- „Игра на пионите“, краток игран филм, ФДУ, Белград, 1993. По мотиви од стрип на Мирко Илиќ и Игор Кордеј
- „Кратки патеки“, краток игран филм, ФДУ и Радио Телевизија Србија, Белград, 1995.
- „Enlitement“, документарен филм, ТВ БК Телеком, Белград, 1995.
- „Беспризори“, краток игран филм, ФДУ, „Cyber films“ и „Crony“, Белград, 1996.
- „Бјесови: Сѐ што гледам и сѐ што знам“, музички спот, „Metropolis Music“, Белград, 1997.
- „Бјесови: Кога ќе ми застане здивот“, музички спот, „Metropolis Music“, Белград, 1998.
- „63. падобранска бригада“, документарен филм, Воено-филмски центар "Застава филм" и ФРЗ "Белград", Белград, 1996-1998.
Академска кариера
уредиПедагошка работа
уредиОд 2000 година Јекниќ претежно се занимава со академска работа. На Академијата за уметности Алфа универзитет во Белград бил асистент во периодот од 2003-2008, а на истиот факултет од 2010 година е доцент по предметите Историја на српската кинематографија, Историја на светската кинематографија и Теорија на филмот.
На Факултетот за медиуми и комуникации Универзитетот „Сингидунум“ во Белград предава Теорија на интерфејсот.[6]
Оценка на научната работа
уредиЈекниќевиот придонес за теоријата на медиумите е оценет како значаен:
„Олег Јекниќ успешно и оригинално ја поставил и разработил општата теорија на медиумите и теоријата на интерфејсот. Со своите аргументации ги назначил сериозните и темелните заклучоци за 'природата' на техничките медиуми и нивната комуникацијска улога. Неговите теориски резултати во нашата средина се сосема нови и ветувачки. Многу ретки се научните студии коишто се занимаваат со феноменалноста на новите медиуми на така широкиот и разработениот фон на соочување на филозофската и теориската епистемологијата.“ — Комисија за одбрана на докторската теза, 2009.[7]
За иновативноста на новите теории, рецензентот на книгата, проф. д-р Миодраг Шуваковиќ, вели:
„Теориската иновација на ова интердисциплинарно научно дело, содржана е во тезата и аргументацијата на поимот на интерфејсот да заземе цела низа на значења и функции кои припаѓале на традиционалниот поим на медиумите. Јекниќ извел извонредно сложено истражување кое го водело кон нова и оригинална научна и поетичка теорија за техничко-филозофските и теоријско-естетичките толкувања на смислата, улогите и функциите на медиумите и интерфејсот во современата уметност и култура.“ — Миодраг Шуваковиќ, во: Јекниќ, Олег. Теорија на интерфејсот, задна корица на книгата, 2014
Библиографија
уреди- Јекнић, Олег. Општа теорија медија заснована на теорији функција интерфејса у интерактивној комуникацији (докторска дисертација), Група за теорију уметности и медија на Интердисциплинарним докторским студијама Универзитета уметности у Београду, 2009.
- —||— „Марк Б. Н. Хансен: Филозофија тела као сучеља техничких и биолошких информационих система“, у: Фигуре у покрету, Савремена западна естетика, филозофија и теорија уметности, Мишко Шуваковић и Алеш Ерјавец (ур.), Београд, „Аточа“, 2009. (стр. 721-740)
- —||— Теорија интерфејса, Центар за медије и комуникације, Факултет за медије и комуникације, Београд, 2014. ISBN 978-86-87107-15-1
Наводи
уреди- ↑ Олег Јекниќ, Проект Растко - Македонија, 2014.
- ↑ Академија за уметности, Биографије на професорот: Олег Јекниќ Архивирано на 14 јули 2014 г., 2013.
- ↑ Олег Јекниќ: Теорија на интерфејсот, за книгата Архивирано на 14 јули 2014 г., официјална страна на издавачот
- ↑ „Професор Олег Јекниќ докторирал на Универзитетот за уметности“, Академија за уметности, Белград, 2009
- ↑ „БЕОКОН 2009. и 4. Фестивал на српскиот филм на фантастиката“ Архивирано на 29 март 2015 г., Дом на млади, Белград, 2009
- ↑ „Факултет за медиуми и комуникации: Дигитални уметности, Предавачи“. Архивирано од изворникот на 2015-04-24. Посетено на 2014-06-29.
- ↑ Комисија за одбрана на докторска теза во состав: Миодраг Шуваковиќ, Невена Даковиќ, Весна Микиќ, Новица Милиќ и Јерко Денегри, Група за теорија на уметностите и медиуми на Интердисциплинарните докторски студии на Универзитетот за уметност во Белград, 5 септември 2009.
Надворешни врски
уреди- Олег Јекниќ на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Лична страна
- „Субјективизмот на Источноевропјаните — работилница за Кишловски со Олег Jeкниќ“ (информација); Видео снимкa, „Кустендорф, филмски и музички фестивал“, Меќавник, Мокра гора, 2013.