Теорија на интерфејсот (книга)

Теорија на интерфејсот (срп.: Теорија интерфејса) е книга на српскиот теоретичар на медиуми, историчар на филмот и режисер Олег Јекниќ објавена во 2014 година.[1]

Теорија на интерфејсот
АвторОлег Јекниќ
Изворен насловТеорија интерфејса
Земја Србија
Јазиксрпски

Книгата ги разгледува прашањата кои се актуелни во современата теорија на медиуми: што е интерфејс и која му је улогата во комуникацијата; што е медиум; каква е разликата помеѓу медиумот и интерфејсот, и во каков однос се наоѓаат тие. Во неа е даден историско-аналитички преглед на концептот на интерфејсот, од античките мислители до модерните филозофи и теоретичари, како што се Имануел Кант, Анри Бергсон, Морис Мерло-Понти, Маршал Маклуан, Џејмс Џером Гибсон, Лев Манович, Марк Хансен и други.

Во книгата Јекниќ ја дал и својата оригинална теорија на интерфејсот и медиумите воопшто, реконцептуализирајќи го Маклуановиот став за мноштвото медиуми — со сопствен заклучок за еден медиум и мноштвото интерфејси.

Издавач на монографијата е Центарот за медиуми и комуникации при Факултетот за медиуми и комуникации на Универзитетот „Сингидунум“ во Белград. Рецензенти на изданието се професорите Миодраг Шуваковиќ и Новица Милиќ. Графички книгата ја обликувал Борут Вилд.

Книгата настанала врз основа на докторската дисертација „Општа теорија на медиумите заснована на теоријата и функцијата на интерфејсот во интерактивната комуникација“ одбранета во 2009 година во Белград.[2]

Содржина уреди

  • Предговор
  • Вовед
  • Теориски рамки
    • Основни поими
      • Субјект и објект
      • Медиум
      • Интерфејс
  • Интерфејсен модел на комуникација
    • Гибсоновата теорија на директна перцепција
    • Интерфејсен модел на комуникација
    • Интерфејсен модел во телекомуникациите
    • Интерфејсен модел и Маклуановата теорија на медиуми
  • Телото како интерфејс
  • „Топологија“ на субјективитетот
    • Имануел Кант – Телото како епистемолошка граница
    • Морис Мерло-Понти – Феноменолошко тело
    • Анри Бергсон – Афективно тело
    • Марк Хансен – Телото во кôдот
  • Современи теории на интерфејсот
    • Перцепцијата како интерфејс
    • Знакот како интерфејс
    • Кôдот како интерфејс
    • Фантазијата како интерфејс
    • „Интерфејс на интерфејсот“
  • Заклучок

Додатоци: Цртежи и табели, Литература, Индекс на имиња и Индекс на поими

Стручна рецепција уреди

Јекниќевиот научен придонес за теоријата на медиумите е оценет како значаен:

„Олег Јекниќ успешно и оригинално ја поставил и разработил општата теорија медиумите и теоријата на интерфејсот. Со своите аргументации назначил сериозни и темелни заклучоци за 'природата' на техничките медиуми и нивната комуникациска улога. Неговите теориски резултати во нашата средина се сосем нови и ветувачки. Многу ретки се научните студии кои се занимаваат со феноменалноста на новите медиуми на така широк и разработен фон на соочување на филозофските и теоријските епистемологии.“ — Комисија за одбрана на докторската теза, 2009.[3]

За иновативноста на новата теорија рецензентот на книгата, проф. д-р Миодраг Шуваковиќ, вели:

„Теориската иновација на ова интердисциплинарно научно дело содржана е во тезата и аргументацијата поимот на интерфејсот да презема цела низа на значења и функции кои припаѓале на традиционалниот поим за медиуми. Јекниќ извел извонредно сложено истражување кое го водело кон нова и оригинална научна и поетичка теорија за техничко-филозофските и теориско-естетичките толкувања на смислата, улогата и функциите на медиумите и интерфејсот во современата уметност и култура.“ — Миодраг Шуваковиќ, во: Јекниќ, Олег. Теорија на интерејсот, задна корица на книгата, 2014[4]

Наводи уреди

  1. Теорија на интерфејсот (книга, инфо), Проект Растко - Македонија, 2014.
  2. „Професор Олег Јекниќ докторирал на Универзитетот за уметности“, Академија на уметностите, Белград, 2009
  3. Комисија за одбрана на докторска теза во састав: Миодраг Шуваковиќ, Невена Даковиќ, Весна Микиќ, Новица Милиќ и Јерко Денегри, Група за теорија на уметноста и медиумите на Интердисциплинарните докторски студии на Универзитетот за уметности во Белград, 5 септември 2009.
  4. Олег Јекниќ: Теорија на интерфејсот Архивирано на 14 јули 2014 г., за книгата, официјална страна на издавачот