Олга Бити
македонска писателка
Олга Бити (Солун, 1883 – Кибуц Гат, Израел, 1970) — писателка и ционистичка активистка. Била најактивен член на Светската женска ционистичка организација WIZO во Скопје до 1941 година. Го организирала целокупниот културен живот на младината во рамките на кенот на младинската организација „Хашомер Хацаир“. По нејзини драмски текстови, напишани на ладино, се изведувале бројни претстави, на кои таа била режисер, сценограф, свирела на клавир и била суфлер и костимограф[1].
Наводи
уреди- ↑ Zeni Lebl, Plima i slom iz istorije Jevreja Vardarske Makedonije, Gornji Milanovac, 1990