Олга Арсова
Олга Арсова Грбиќ ( 1924 во Штип — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]
Животопис
уредиМеѓу првите жени борци од Штип биле: Олга Арсова, Бранка Лазарева Ѓорчева и Викторија Поп Јорданова. Тие, по августовската провала на партиската организација во Штип во 1943 година, се илегализирале. Откако биле снабдени со фалсификувани лични карти, по одлука на партиската организација, преку Овче Поле ce префрлиле во Скопје со воз.[2] Во нејзиниот дом престојувале илегалци. Често била користена како курир меѓу Месниот Комитет и илегалците. Кај неа често доаѓале и врски од другите градови. Во нејзиниот дом се чувале и потребните материјали за Штипскиот партизански одред.[1] На 17 август 1943 година бил извршен претрес и во домот на илегализираната Олга Арсова, ученичка во штипската гимназија. Во овој случај, во полицискиот записник констатирано е дека во нејзиниот „стан се криеле илегалци - комунистички конспиратори, од кои во направената проверка биле фатени Мара Минанова од Струмица и Славчо Стојменски од Штип“. Во оваа акција на бугарската полиција, уапсени биле: Благородна Митрева Ефтимова, Васка Донева, Марија Китанова од Долани, позната како партиски јатак. Од Долани затворена била и Маргарита Радева, која била одведена во скопскиот истражен затвор, но како малолетна била ослободена.[2] Во оваа акција бил ранет Благој Јанков-Мучето, додека Славчо Стојменски бил убиен од страна на бугарскиот окупатор.[3]
Есента 1943 година Олга Арсова станува борец во Третиот кумановски НОПО, од борците популарно наречен „Карпушов“. Во Одредот е младински раководител на чета. По формирањето на Третата македонска ударна бригада (26 февруари 1944), во која го продолжува своето војување, назначена е за заменик-политички комесар на чета, a подоцна и на баталјон. Со формирањето на Четвртата македонска бригада (23 август 1944), била прекомандувана во нејзините единици и е назначена за заменик-политички комесар на баталјон. Од септември 1944 година е повлечена од единиците на HOB и е упатена на заднинска партиска работа во Штипско. Избрана е за член на III областен комитет на КПМ.[1][2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 981.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Весковиќ-Вангели, Вера (2000). Историја 36.1-2 (2000) - Учеството на жената во Штип и Штипско во Народноослободителната војна во Македонија 1941-1944 г. (PDF). Скопје: Сојуз на друштвата на историчарите на Македонија. стр. 73–81.
- ↑ Петковска, Емилија (2014). Струмичкиот народен херој Благој Јанков-Мучето (PDF). Струмица: ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И
МУЗЕЈ – СТРУМИЦА. стр. 22. line feed character во
|publisher=
во положба 47 (help)