Орева
Орева (маорски: Orewa) е населба на Северниот Остров на Нов Зеланд на Хибискусовото Крајбрежје, 30 километри северно од Окленд и близу основата на полуостровот Фангапараоа. Населението брои 7.326 жители, и многу посетители на одмор.
Орева Orewa | |
---|---|
Дуќани во центарот на Орева | |
Основни податоци | |
Месна управа | округ Родни |
Население | 7.326 (2006) |
Околина | |
Север | Хетфилдс Бич |
Исток | (залив Фангапараоа) |
Југоисток | Стенмор Беј |
Југ | Ред Бич |
Југозапад | Силвердејл |
Запад | Ваинуи |
Орева се наоѓа на источниот брег на Севернооклендскиот Полуостров, во рамките на округот Родни, а низ местото поминува Државниот автопат 1 (State Highway 1).
Надворешни врски
уреди- Страница на плажата на Орева Архивирано на 5 септември 2010 г. (англиски)
- Општинска страница на округот Родни Архивирано на 7 февруари 2007 г. (англиски)