Модрачко Езеро
Модрачкото Езеро е акумулационо езеро кое со најголемиот дел се наоѓа во општината Лукавац. Модрачкото Езеро е долго 12 километри, а широко во просек 700 метри со најголема длабочина од 14 метри. Езеро настанало по вештачки пат така што е направена браната на реката Спреча.
Ова езеро привлекува голем број на туристи, пред сè поради убаво уредените плажи во месната заедница Прокосовиќи. Плажата е уредена на должина од околу 1,500 метри, каде што се наоѓаат и ресторани, хотели и спортски објекти. На езерото се одржуваат и наптревари во риболов, како и низа други културно-спортски манифестации.
Оваа статија за езеро е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
„Модрачко Езеро“ на Ризницата ? |