Ожег
Ожег[1][2] — железна шипка за распретување и поттикнување на огнот во камини или печки.
Облик и историја
уредиОжегот е парче дебела железна прачка долга од половина до еден метар, свиткана под агол од 90° на врвот, па во профил изгледа како издолжена буква L. Полуксузните ожези имале дрвена рачка за фаќање. Заедно со кацијата и кантата речиси секое градско домаќинство на почетокот на 20 век, кога немало други облици на греење.
За истата намена во нашите краишта се користела направа со два крака наречена маша.