Од пеколот до Тексас (филм)

„Од пеколот до Тексас“ (англиски: From Hell to Texas) — американски филм од 1958 година, во режија на Хенри Хатавеј (Henry Hathaway), по сценариото на Роберт Бакнер (Robert Buckner) и Вендел Мајес (Wendell Mayes). Филмот е заснован врз романот „The Hell-Bent Kid“ на Чарлс О. Лок (Charles O. Locke). Главните улоги ги толкуваат: Дон Мареј (Don Murray), Дајен Варси (Diane Varsi), Чил Вилис (Chill Willis), Денис Хопер (Dennis Hopper), Р. Г. Армстронг (R. G. Armstrong), Џеј Ц. Флипен (Jay C. Flippen), Марго (Margo), Џон Ларч (John Larch), Кен Скот (Ken Scott), Родолфо Акоста (Rodolfo Acosta) и Салвадор Багес (Salvador Baguez).

Содржина

уреди

Младиот каубоец Тод Лохман (го игра Мареј) го пристигнува потерата, предводена од синовите на земјопоседникот Хантер Бојд (го игра Армстронг). Тие го бараат Тод зашто мислат дека тој е виновен за смртта на нивниот брат. Претходната вечер, тој го вовлекол Тод во тепачка во салунот, а потоа паднал на сопствениот нож. Гладни за одмазда, тие го следат Тод низ пустината, а во текот на потерата се судираат со Команчите. Неочекувано, на Тод му помага стариот фармер Ејмос Бредли (го игра Вилис)...[1]

Наводи

уреди