Одринско востание

Одринско востание — востание во 1703 година во градот Одрин во Отоманското Царство кое довело до симнување на султанот Мустафа II[1].

Одринско востание
Датум 1703
Место Цариград
Одрин
Исход Симнување на Мустафа II
Завојувани страни
*Јаничари *Мустафа II

Заднина

уреди

Со Договорот од Карловец (1699), Отоманското Царство морала да отстапи големи територии на земјите од Светата лига. По крајот на Големата турска војна станало јасно дека мора да бидат воведени големи реформи во војската. Султанот Мустафа II изгубил интерес на управување. Тој живеел во Одрин и де факто владетел на империјата бил Шејк ул исламот Фејзула ефенди[2]. Амбициозниот Фејзула стекнал многу голема моќ преку непотизам но со неговата политика тој стекнал и многу свои непријатели. Од друга страна пак, инсистирањето на Мустафа да живее во Одрин а не во главниот град предизвикало сомневање дека султанот планира формирање на нова армија и укинување на постојаните воени единици т.е. јаничари.

Востание

уреди

Во текот на грузиската граѓанска војна, султанот решил да испрати поддршка за кандидатот за престолот. Сепак платите на војниците биле одложени па поради тоа на 19 јули 1703 година група јаничари побарале исплата на долгот на султанот пред да преминат во акција. Во тоа време султанот Мустафа II се наоѓал во Одрин. Во Истанбул јаничарите биле одбиени, кое предизвикало започнување на бунт поради заостанатите плати и отсуството на султанот во престолнината. Иако немирите ги започнале јаничарите, тие наскоро прераснале во голем бунт во кој се вклучиле и цивили, војници од понизок ранг, занаетчии и членови на улемата (познавачи на традиционалниот ислам). Овие групи биле фрустрирани од обидот на Шејк ул-исламот Фејзула Ефенди целосно да го изолира султанот и да го наметне својот политички легимитет[1].

Со поддршка на другите воени единици и верски водачи бунтовниците започнале со грабежи низ истанбулските куќи на големците зазимајќи ја управата на градот. Иако испратиле претставници во Одрин, Фејзула ефенди наредил да бидат затворени. Ова предизвикало дополнително незадоволство и силите се собрале и започнале да маршираат кон Одрин. Султанот објавил дека Фејзула ќе биде отстранет, но од друга страна војниците објавиле дека сакаат тој да се повлече од престолот. По ова Мустафа се обидел да формира одбранбена линија на периферијата на Одрин, но дури војниците на султанот се приклучиле кон страната на бунтовниците. Бунтовниците отвориле четири прашања во врска со дејствијата зошто ги презеле. Првото се однесувало на занемарувањето на Мустафа II во потрага на неговите поданици, на кои им дозволил да управуваат додека тој заминал на лов трошејќи ги државните пари. Второто прашање се однесувало на легитимизирањето на правото на муслиманската заедница да се спротивстави на еден неправеден владетел. Третото се однесувало на оние кои застанале на страната на неправедниот владетел и истите биле жестоко осудени, и четвртото се однесувало на самото владеење на султанот кој прифатил да потпише мировни договори и загубил голема територија на сметка на христијаните. Овие четири прашања биле поставени пред кадијата, кој го прогласил на Мустафа како непогоден за владеење. Овој стил на исламска судска пресуда се нарекува фетва[1].

Така, на 23 август 1703 г. Мустафа II бил расчинет од престолот а неговиот брат Ахмед III станал новиот султан. Фејзула Ефенди бил убиен од страна на бунтовниците. Иако Мустафа бил детониран, во Истанбул продолжиле немирите главно поради три причини: недостаток на дисциплина и контрола над бунтовниците, распаѓање на нивното единство поради големите соперништва кои владееле меѓу нив за стекнување на поголема моќ по крајот на самата ситуација и поради традиционалните подароци кои се давале на јаничарскиот корпус по стапувањето на новиот султан на престолот како залог на верност кон султанот. Во следниот период јаничарите имале директна контрола над султанот бидејќи станао уште појасно дека ја поседуваат силата за симнување на еден султан.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Aksan, Virginia H. (2007). Ottoman Wars: 1700-1870. Harlow: Longman/Pearson. ISBN 0582308070.
  2. A page about Feyzullah