Овес (род)

род на житни растенија
Овес
Див овес (Avena fatua)
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Монокотиледони
Нерангирано: Комелиниди
Ред: Тревовидни
Семејство: Треви
Потсемејство: Ливадарки
Род: Овес
L.
Видови

околу 33, во текстот

Овес (науч. Avena) — род на растенија од семејството треви (Poaceae) со 33 вида[1] (вкл. два хибрида). Се одгледуваат илјадници години како храна за луѓето и животните.[2] Застапени се ширум Европа, Азија и северозападна Азија. Неколку вида се одомаќинети во многу делови на светот, каде важат за инвазивни кога растат заедно со други култури. Сите видови овес имаат јадливи семки, макар што кај повеќето семињата се мошне мали и тешки за вршење.

Видови

уреди

Домашни видови

уреди

Еден од домашните видови претставува значајна житарка. Останатите четири се житни култури од помало или месно значење.

Диви видови

уреди

Дивите видови овес се штетни корови кога растат заедно со житни култури. Тешко се искоренуваат по хемиски пат, бидејќи обичните хербициди ги убиваат и другите житни култури заедно со нив. Поради тоа се користи посебен вид на хемикалија, која е скапа и треба да се применува долго време (семките знаат да бидат во мирување по 10 години).

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Список на видови од родот овес (Avena) — GRIN (англиски)
  2. Watson, L. and M. J. Dallwitz. (2008). Avena. The Grass Genera of the World. Архивирано од изворникот на 2009-08-20. Посетено на 2009-08-19.
  3. Zohary & Hopf (2000): стр. 78
  • Quinion, Michael (1999): World Wide Words: Sow one's wild oats. Web posted 1999-NOV-27. Retrieved 2007-OCT-17.
  • Zohary, Daniel & Hopf, Maria (2000): Domestication of plants in the Old World (3rd ed.). Oxford University Press.

Надворешни врски

уреди