Обучена да убива
Обучена да убива (англиски: Dressed to Kill) е американски филм од 1980 година, во режија на Брајан де Палма, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Мајкл Кејн, Енџи Дикинсон, Ненси Алан и Фред Вебер. Филмот прикажува сложена приказна за сексуално незадоволна жена чии денови се исполнети со фантазирање, кое се претвора во мрачна стварност. Филмот е полн со шокови и напнатост, со раскошен дизајн и привлечна музика чиј автор е Пино Донаџи. Ова е еден од најголемите хитови на де Палма, како и еден од неговите најдобро режирани филмови.[1]
Синопсис
уредиВо мозаикот на едно злосторство се испреплетуваат една привлечна кол-герла, таинствен убиец облечен во темен мантил за дожд и со темни очила, како и психијатар кому една незадоволна жена му раскажувала за своиет фантазии. Меѓутоа, кол-герлата го видела убиецот и тоа го доведува во опасност нејзиниот живот...[2]