Обртни средства
Обртни средства или обртен капитал (англиски: Current assets) се дел од средствата на претпријатието коишто можат брзо да се претворат во пари. Тие се нарекуваат уште и тековни средства или работен капитал (Working capital).
Поим за обртни средства
уредиОбртните средства се сметководствен поим за да се означи целокупната маса на средства во претпријатието кои се со кус рок на употреба, т.е. брзо се трансформираат од еден во друг облик. Таа вкупна маса на обртни средства која постојано е присутна во претпријатието се нарекува обртен капитал. Обртните средства ги вклучуваат паричните средства и оние средства кои низ текот на активностите ќе се претворат во парични средства во тековниот период. Во економската литература, под поимот тековни средства најчесто се подразбираат оние деловни средства кои со еднократна употреба се трошат во деловниот процес и чијашто вредност се преобразува од почетен паричен облик во заршен паричен облик најмалку еднаш во текот на годината.[1]
Обртните средства ги сочинуваат:
- Готовина. Целокупната готовина со која располага претпријатието во моментот.
- Побарувања. Доколку компанијата дозволува купување на кредит или период за плаќање од страна на купувачот и тоа претставуваат средства, бидејќи тоа се пари кои компанијата треба да ги добие во иднина.
- Залихи. Сите производи кои се наменети за препродажба претставуваат обртни средства. На пример, во една производтсвена компанија залихите може да се класифицираат како готови производи и суровина за производство.
- Резерви. Сите резерви кои не се продаваат а се даваат на купувачите при извршено купување претставуваат имот на компанијата. Тоа се кеси, пакувања, подароци итн.
- Однапред платени трошоци. Сите однапред платени трошоци претставуваат дел од обртни средства на фирмата.
Управување со обртните средства
уредиЕфикасното работење на фирмата и остварување на нивната основна цел – масимализација на финансискиот резултат, зависи од ефикасното користење и управување како со основните, така и со тековните средства. Кај некои фирми, вложувањата во тековни средства, претежно во побарувања од купувачите и залихите, се доста значајни и често доминантни во однос на вложувањата во фиксни средства. Под поимот „оптимум“ се подразбира нешто што е најповолно, што најповеќе одговара (лат. optimus = најдобро). Кога се во прашање тековните средства, тогаш оптимумот се остварува кога со минимално ангажирани тековни средства се остварува максимален резултат. „Оптимално се нарекува она решение коешто во дадени стопaнски услови е најдобро, односно најефикасно“. Пониското ниво на некои обртни средства може сериозно да го наруши работењето на претпријатието, додека пак повисокото ниво пак, значи непотребно врзување пари, што предизвикува трошоци на нивното финансирање, пропуштени добивки, трошоци за чување залихи и сл.
Имено, до зголемена потреба од обртни средства доаѓа најчесто поради сезонскиот карактер на работењето, поради што се јавува потреба овие потреби да се покријат во периодот на нивното постоење. Износот на обртни средства што е постојано присутен во претпријатието го нарекуваме уште и трајни или перманентни обртни средства, додека средствата што се јауваат повремено, сезонски, ги нарекуваме повремени обртни средства.[2]