Области во Египет
Египет е поделен на 27 области или „мухафази“ (арапски: محافظات). Секоја област има свој управник, назначен од претседателот на државата, кој има право и да го разреши по свое наоѓање. Највеќето области имаат густина на населението поголема од 1.000 жит/км2, додека трите најголеми имаат густина помала од 2 жит/км2.
Областите можат да бидат наполно градски или градско-селски. Селските имаат региони или „маркази“, а градските немаат, поради тоа што самата оваа единица подразбира збир од села. Кај најголемите градови, областа може да опфаќа само еден град, како што е случај со Каиро и Александрија. Така, овие градови-области се поделени само на окрузи (населби). Каиро има 23 окрузи, а Александрија има 6.
Селските области во Горен Египет и долж Суецкиот Канал го носат името на нивните административни центри, додека пак оние во делтата на Нил и пустинските предели имаат самостојни називи (со исклучок на Кафр ел-Шејх, Дамиета и Матрух).
Список на области
уредиБр. | Област | Површина (км2) | Население (2006) | Население (2012) | Админ. центар |
---|---|---|---|---|---|
1 | Александрија | 2.300 | 4.123.869 | 4.509.000 | Александрија |
2 | Асван | 62.726 | 1.186.482 | 1.323.000 | Асван |
3 | Асјут | 13.720 | 3.444.967 | 3.888.000 | Асјут |
4 | Бухејра | 9.826 | 4.747.283 | 5.327.000 | Даманхур |
5 | Бени Суејф | 10.954 | 2.291.618 | 2.597.000 | Бени Суејф |
6 | Каиро | 3.085 | 8.471.859 | 8.762.000 | Каиро |
7 | Дакахлија | 3.538 | 4.989.997 | 5.559.000 | Мансура |
8 | Дамиета | 910 | 1.097.339 | 1.240.000 | Дамиета |
9 | Фајум | 6.068 | 2.511.027 | 2.882.000 | Фајум |
10 | Гарбија | 1.942 | 4.011.320 | 4.439.000 | Танта |
11 | Гиза | 13.184 | 5.724.545 | 6.979.000 | Гиза |
12 | Исмаилија | 5.067 | 953.006 | 1.077.000 | Исмаилија |
13 | Кафр ел-Шејх | 3.467 | 2.620.208 | 2.940.000 | Кафр ел-Шејх |
14 | Матрух | 166.563 | 323.381 | 389.000 | Мерса Матрух |
15 | Миња | 2.262 | 4.166.299 | 4.701.000 | Миња |
16 | Минуфија | 2.499 | 3.270.431 | 3.657.000 | Шибин ел-Ком |
17 | Нова Долина | 440.098 | 187.263 | 208.000 | Харга |
18 | Северен Синај | 27.564 | 343.681 | 395.000 | Ариш |
19 | Порт Саид | 1.345 | 570.603 | 628.000 | Порт Саид |
20 | Каљубија | 1.124 | 4.251.672 | 4.754.000 | Бенха |
21 | Кена | 8.980 | 3.001.681 | 2.801.000 | Кена |
22 | Црвено Море | 120.000 | 288.661 | 321.000 | Хургада |
23 | Шаркија | 4.911 | 5.354.041 | 6.010.000 | Заказик |
24 | Сохаг | 11.218 | 3.747.289 | 4.211.000 | Сохаг |
25 | Јужен Синај | 31.272 | 150.088 | 159.000 | Ет-Тур |
26 | Суец | 9.002 | 512.135 | 576.000 | Суец |
27 | Луксор | 2.960 | 457.286 | 1.064.000 | Луксор |
Вкупно | 996.602,6 | 72.798.031 | 81.396.247 |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Централен завод за јавна мобилизација и статистика (CAPMAS), 2011 и 2012 г.
Надворешни врски
уреди- Податоци за населението и површината (англиски)
- Портал на Владината служба на Египет Архивирано на 21 ноември 2008 г. (арапски) (англиски)