Чапја лажичарка

(Пренасочено од Обична лажичарка)
Чапја лажичарка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Пеликановидни
Семејство: Ибиси и лажичарки
Род: Лажичарки
Вид: Чапја лажичарка
Научен назив
Platalea leucorodia
Linnaeus, 1758
Platalea leucorodia

Чапјата лажичарка или обична лажичарка (научPlatalea leucorodia) е птица од потсемејството на лажичарките во рамките на семејството ибиси и лажичарки. Овој вид го има во Македонија.

Опис

уреди

Лажичарката достигнува должина до 1 м и тежина од околу 1-1,2 кг. Распонот на крилјата е 115-135 см. Бојата на птицата е бела, а нозете и клунот се црни. На врвот од клунот има една жолта точка. Во сезоната на парење мажјакот има бела пувка на главата. Претежно се тивки, речиси неми, комуницираат повеќе со штракање со клунот, но сепак испуштаат и некакви звуци.

Распространетост

уреди

Гнезди во Јужна Европа, поретко во Западна Европа, а исто и во Азија и Северна Африка. Европските лажичарки презимуваат во Централна и Источна Африка, а азиските во Индија и Кина.

Начин на живеење и исхрана

уреди

Живее во влажни региони, во колонии од 6 до 160 птици. Претполага мали слатководни или соленоводни басени или бавнотечни реки.

Се храни со мали риби и жаби, ларви на инсекти, црви, ракови, а понекогаш и со водни растенија.

Размножување

уреди

Лажичарките гнездат во трската, на дрвјата, но и на гнезда поставени ниско над водата. Обично снесуваат 3 до 6 јајца, кои се излежуваат од двата родитела во тек на 21-25 деноноќија.

Пилињата се одгледуваат и прехрануваат и од двата родитела. Најпрво поседуваат дебел и мек клун кој се претвора во карактеристичен за овој вид дури по 5-6 недели. Започнуваат со летање околу 49 дена по испилувањето.

Систематика

уреди

Истражувањата на митохондриската ДНК на лажичарките укажуваат на тоа дека чапјата лажичарка е сестрински таксон на клада која ги содржи црноклунестата лажичарка и малата лажичарка.[2]

Чапјата лажичарка има три подвидови:

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Platalea leucorodia. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. Chesser, R.Terry; Yeung, Carol K.L.; Yao, Cheng-Te; Tians, Xiu-Hua; Li Shou-Hsien (2010). „Molecular phylogeny of the spoonbills (Aves: Threskiornithidae) based on mitochondrial DNA“. Zootaxa (2603): 53–60. ISSN 1175-5326.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)