Губар

вид инсект
(Пренасочено од Обичен губар)
Губар
Губар (Lymantria dispar dispar), мажјак
Губар (Lymantria dispar dispar), женка
Научна класификација
Царство: Животни
Ред: Пеперуги
Натсемејство: Совици
Семејство: Тантелни совици
Род: Губар
Вид: Обичен губар
Научен назив
Lymantria dispar
(Linnaeus, 1758)
Гасеница на губар

Губар (поточно обичен губар, научLymantria dispar) — вид молец од семејството на тантелните совици (Erebidae). Има неколку подвидови, од кои некои се недвосмислевно препознатливи (на пр. L. d. dispar и L. d. japonica). Овој молец е доведен на наколку континенти, и денес е застапен во Европа, Африка, Азија, Северна и Јужна Америка. Ларвите се разнојадни, и живеат во разновидни листопадни и иглолисни дрва. При најповолни услови, гасениците уништуваат огромни шумски површини[1]. Поради ова, видот се вбројува меѓу 100-те најштетни инвазивни видови на светот. Освен за шумите, во Македонија губарот е особено опасен и по овошките.[2]

Подвидови

уреди
Народно име Подвид Распространетост Одлики
Европски губар Lymantria dispar dispar Европа, западна Азија и северна Африка,[3]:6 доведен во источна Северна Америка Женките имаат крилца, но се безлетни[3]:6
Азиски губар Lymantria dispar asiatica Источна Азија,[3]:6 доведен во западна Северна Америка[4] Женките имаат крилца и можат да летаат; подвидот го привлекува светлина[3]:6
Јапонски губар Lymantria dispar japonica Сета Јапонија[3]:6 Големи мажјаци, многу темна кафеава боја[3]:6

Европскиот губар (Lymantria dispar dispar) е домороден во умерените шуми на Европа. Доведен е во САД во 1869 г. а во Канада се појавил во 1912 г.

Азискиот губар (Lymantria dispar asiatica) е домороден во Азија, источно од Урал. Од почетокот на 1990-тите забележан е и долж западниот брег на умерена Северна Америка. Од јужна Европа се шири на север во Германија и други земји, каде се вкрстува со европскиот губар. Во 1995 г. е забележана колонија во Велика Британија.

Борба против губарот како штетник

уреди

Во Северна Америка е воведен паразитоидната бакарна оса од видот Ooencyrtus kuvanae како биолошка мерка во борбата со губарот. Оваа јајцепаразитна оса сепак не се задржува само на губарот, туку врши паразитизам и врз други видови на пеперутки и молци.[5][6]

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Губари“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 413. Text "series " ignored (help)
  2. Овоштарство – Календар за активности во јануариСовремено земјоделство (македонски)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Pogue, Michael. „A review of selected species of Lymantria Huber [1819]“ (PDF). Forest Health Technology Enterprise Team. Посетено на 14 септември 2012.
  4. „Asian Gypsy Moth Lymantria dispar asiatica“. Pest Tracker National Agricultural Pest Information System. Посетено на 14 септември 2012.
  5. Christenson, Amy (јуни 1997). „Know Your Friends“. Midwest Biological Control News. Архивирано од изворникот на 26 ноември 2018.
  6. Brown, M. W. (1984). „Literature review of Ooencyrtus kuvanae [Hym.: Encyrtidae], an egg parasite of Lymantria dispar [Lep: Lymantriidae]“. Entomophaga. 29 (3): 249–265. doi:10.1007/BF02372112.

Надворешни врски

уреди