Обелисци на Клеопатра
Обелисците на Клеопатра претставуваат три обелиска кои се наоѓаат во Лондон, Париз и Њујорк. Секој еден од нив е изработен од црвен гранит, и е висок околу 21 метар, со тежина со околу 180 тона и е гравиран со египетски хиероглифи. И покрај тоа што овие споменици потекнуваат од времето на Стар Египет, сепак ниту еден од трите немаат никаква врска со кралицата Клеопатра VII.
Обелиск на Клеопатра Cleopatra's Needle | |
---|---|
Поглед кон лондонскиот обелиск | |
Општи податоци | |
Град | Вестминстер, Лондон |
Земја | Англија, Велика Британија |
Лондон
уредиОбелискот во Лондон се наоѓа во Вестминстер. Тој бил подарен на Обединетото Кралство во 1819 година од страна на Мехмед Али, намесник на Египет со албанско потекло, со кое се означило победата на Лорд Нелсон во Битката кај Нил и Александрија. Сепак, британските власти и покрај тоа што го примиле поклонот, сепак тие го откажиле финансирањето на транспортот на обелискот од Египет до [Велика Британија]. Во Египет обелискот останал до 1877 година, кога Сер Вилијам Џејмс Вилсон, го спонзорирал транспортот до Лондон со сума од 10.000 лири.