ОУ „Св. Климент Охридски“ - Драчево
Основно училиште „Св. Климент Охридски“ (официјално: Основно општинско училиште „Св. Климент Охридски“ - Драчево; скратено: ООУ „Св. Климент Охридски“) — централно основно училиште во скопското село Драчево, Општина Кисела Вода.[1]
Свети Климент Охридски
| |
---|---|
Место | |
Општина: | Општина Кисела Вода |
Наречено по: | Свети Климент Охридски |
Нас. место: | Драчево |
Адреса: | ул. „Јустинијан Први“, бр. 98 |
Местоположба | |
Основни информации | |
Основано: | 1924 |
Директор: | Елена Симоновска |
Настава на: | македонски |
Контактни информации |
Училиштето е именувано по словенскиот просветител и светец Свети Климент Охридски.
Историја
уредиПостојат податоци кои говорат дека училиштето е изградено од 1922 до 1923 година, додека за првпат во него почнало да се учи 1924 година, но не на македонски туку на јазикот кој им бил наметнат во тоа време, а тоа бил српскиот. За тој период (до 1941 година) не постојат официјални документи, но постојат живи сведоци кои ни раскажуваат дека во ова училиште учеле ученици од Драчево и Студеничани. Постојат податоци дека училиштето непрекинато работело и во текот на НОБ, но на бугарски јазик.
Вториот период од работата на училиштето е периодот од ослободувањето, кога во училиштето за прв пат започнала да се изведува настава на македонски јазик. Тоа се случило на 25 ноември 1944 година.
Наводи
уреди- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-08.