ОУ „Кочо Рацин“ - Ивањевци
Основно училиште „Кочо Рацин“ (официјално: Централно основно училиште „Кочо Рацин“ - Ивањевци; скратено: ЦОУ „Кочо Рацин“) — централно основно училиште во селото Ивањевци.[1]
Кочо Рацин | |
---|---|
Поглед на централното основно училиште „Кочо Рацин“
| |
Место | |
Општина: | Општина Могила |
Наречено по: | Кочо Рацин |
Нас. место: | Ивањевци |
Адреса: | с. Ивњевци |
Местоположба | |
Основни информации | |
Настава на: | македонски |
Контактни информации |
Местоположба
уредиОбјектот на училиштето се наоѓа на крајот од селото, непосредно од левата страна на патот кој продолжува до Трновци. На местото на коешто се наоѓа училиштето во минатото постоела црква „Св. Никола“ околу која имало гробови, а при изградбата на училиштето целиот простор бил израмнет со земја.[2]
Настава
уредиВо училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.[1]
Подрачни училишта
уредиВо склоп на училиштето се следните подрачни училишта:
- ПУ „Кочо Рацин“ - Долно Српци;
- ПУ „Кочо Рацин“ - Трновци;
- ПУ „Кочо Рацин“ - Свето Тодори;
- ПУ „Кочо Рацин“ - Лознани;
- ПУ „Кочо Рацин“ - Вашарејца; и
- ПУ „Кочо Рацин“ - Беранци.
Од нив, единствено во подрачното училиште во Долно Српци се одвива настава од прво до деветто одделение, додека во останатите настава од прво до петто одделение.[1]
Галерија
уреди-
Влезот на училиштето
-
Објект во дворот на училиштето
-
Игралиште во дворот на училиштето
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Директор“. македонски: Општина Могила. Архивирано од изворникот на 2020-09-27. Посетено на 29 јули 2019.
- ↑ „Ивањевци Архивирано на 29 јуни 2020 г.“. Мој Роден Крај.
41°12′28.5″N 21°21′21.1″E / 41.207917° СГШ; 21.355861° ИГД