ОУ „Гоце Делчев“ - Подгорци
основно училиште во Македонија
(Пренасочено од ОУ "Гоце Делчев" - Подгорци)
Основно училиште „Гоце Делчев“ (официјално: Основно општинско училиште „Гоце Делчев“ - Подгорци; скратено: ООУ „Гоце Делчев“) — централно основно училиште во селото Подгорци. Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото Подгорци.[1]
Гоце Делчев | |
---|---|
Поглед на основното училиште
| |
Место | |
Општина: | Општина Струга |
Наречено по: | Гоце Делчев |
Нас. место: | Подгорци |
Адреса: | с. Подгорци |
Местоположба | |
Основни информации | |
Директор: | Ариф Имероски |
Настава на: | македонски |
Контактни информации | |
Е-пошта | gdelcev.pdgorci@yahoo.com |
Телефон | 046 798 738 |
Училиштето е именувано по истакнатиот македонски револуционер Гоце Делчев.
Местоположба
уредиОбјектот на училиштето се наоѓа на самото сретсело во Подгорци.
Настава
уредиВо училиштето наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.
Иако Советот на Општина Струга има дадено согласност за отпочнување на паралелки на албански јазик, сепак тие одлуки се поништени од страна на Министерството за образование и наука.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Основни и средни училишта“. Општина Струга. Посетено на 28 ноември 2018.
- ↑ „Подгорци, останува нерешен проблемот со образованието на албански јазик“. Посетено на 2018-11-28.[мртва врска]